ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите заинтересирани  невладини организации, здруженија и граѓани да се приклучат на „Обновата на Македонија“

Соопштение до јавноста

Владеење на правото и економски просперитет се невозможни со Зоран Заев и СДСМ на власт. Тоа е се појасно со секој изминат ден. Надеж дека Заев ќе се откаже од криминалот, корупцијата и злоупотребите на институциите веќе нема.

Повеќе од 40 илјади граѓани досега учествуваа во акцијата за „Обнова на Македонија“. Овие граѓани се разочарани од криминалот и корупцијата кои царуваат во нашата држава. Разочарани се од лажните ветувања и неостварени очекувања на власта.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите заинтересирани  невладини организации, здруженија и граѓани да се приклучат на „Обновата на Македонија“. Со граѓаните ќе го поразиме заевизмот, неправдата, сиромаштијата и ќе ја обновиме нашата татковина.

Очекуваме граѓаните да дадат квалитативен придонес во рамки на акцијата и подготвување на победничката изборната програма.

Веќе трета година нашата држава тоне на секое поле, граѓаните се осиромашени и понижени, нема никакви проекти, тоне образованието и здравството. Судството служи како политичка алатка на Зоран Заев за прогон на неговите неистомисленици и амнестија на неговите соработници.

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговата криминална банда им сервираат на граѓаните само порази. Доаѓа крајот на погубните политики на СДСМ.

Се ближи денот кога граѓаните ќе стават крај на тажната политичка кариера на Зоран Заев, човекот кој целосно ја девастираше Република Македонија на секое поле. Македонскиот граѓанин ќе одбере обнова, наместо безнадежност, проекти наместо безидејност и правда наместо криминал и корупција, на 12 април македонскиот народ ќе одбере „Обнова на Македонија“ и ќе ја испрати во историјата ова криминално рекетарска банда.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...