Перспектива со најнеуспешниот политичар во историјата на Македонија е “приказна која не поминува ни кај малите деца”

Ја слушаме Шеќеринска како вели дека од држава без перспектива, направиле држава со надеж. Таква држава имале во изминатите години, откако оваа Влада е на власт. Ова било држава и без перспектива и без надеж. И најважно од се било тоа што сега никој не се плаши. Ќе продолжеле така или државата ќе била изолирана. Граѓаните ќе избирале повеќе плати и пензии или ќе ја доделеле власта на некои фамилии. Биле потребни уште подобри резултати и затоа ќе барале уште повеќе и од градоначалниците и од општините. Само така ќе биделе на прав пат.

Перспектива со најнеуспешниот политичар во историјата на Република Македонија е “приказна која не поминува ни кај малите деца”. Надеж можеби има, но само кај оние неколкумина од криминално-рекетарската банда на Заев и Шеќеринска, и тоа лажна надеж дека “ќе се спасат”!

Изолираноста на државата како алатка за “плашење” можеби “поминуваше” пред некоја година, во некои други времиња, денес … денес продолжете само со прогон на новинари, наместо да ги гоните криминалците.

“Аман” немојте да барате повеќе од градоначалниците – најдобриот од нив нема повеќе од 5% рејтинг, на тоа требаше да мислите кога ги кандидиравте и кога правевте избирен инженеринг, нели?!?

И нормално дека веќе никој нема да се плаши, нема од што да се плаши затоа што сите знаат дека сте готови!

И за крај, се согласувам дека сте “на прав пат” конечно да ги завршите политичките кариери!

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...