Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Колкав е јавниот долг на Република Македонија во моментов?

Одговор: Вкупниот долг во Република Македонија во моментов ја има поминато психолошката граница и е најголем до сега. Значи како што знаеме изминативе години наместо ветувањета да се намали вкуупниот долг како што практично и пред доаѓањето на СДСМ, односно на Зоран Заев и Драган Тевдовски кој што си даде оставка ветувањата беа дека ќе се намали долгот на Република Македонија. Од тогаш па навака гледаме дека вкуупниот долг само ја пробива психолошката граница и се повеќе се задолжувуаме. Поминати се 5 милијарди одамна, поминати се бројките од над 50 проценти одамна и сето тоа поради погрешните политики на Зоран Заев на економскиот тим и на целата Влада. Практично ние гледаме дека и нема како да се намали вкуупниот долг бидејќи единствено што правиме, се задолжуваме ги трошат парите и ништо не се реализира како проект од каде што ќе може да има бенефит за понатака да се враќаат сите оние долгови кои ги прават.

Прашање: Со оглед на тоа што Владата има реализација на капитални инвестиции од околу 20 проценти, има ли ВМРО-ДПМНЕ информација каде се парите кои што се земени со кои што сме задолжени?

Одговор: Тоа е најниска реализација во историјата. ВМРО-ДПМНЕ постојано укажува на тоа дека капиталните инвестиции се на историски најниско ниво и од она што можеме да го видиме преку сите задолжувања единствено се трошат за непродуктивни трошоци и како што може да видат и граѓаните што ќе биде еден ден по доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт, после 12 април предмет на истраги сите оние тендери од државната каса кои што се доделуваат за кои што има сомнежи дека се местат, за кои што слушаме и снимки дека се наместени за кои како што знаете веќе се повикува и новинари за снимки кои што  ги објавуваат, за наместени тендери за барање провизии се повикувани на распит. Најверојатно тие пари одат во џебовите на лица од власта, на функционери од власта во нивните фирми, во нивните семејни фирми и на некој начин се испумпуваат од граѓаните. Но како што реков кога ќе се врати правната држава, сите ама баш сите тендери каде што се исмпумпувани државни пари и сите сомнежи за било какви коруптивни и криминални афери ќе бидат предмет на истрага за конечно да се одговара.

Прашање: Заев изјави дека преговара и со помалите албански партии за евентуална коалиција, дали можеби и вие преговарате?

Одговор: Видете, едно е да преговара друго е да се пазари ние наназад изминативе години видовме дека Зоран Заев не преговара туку дека кај Зоран Заев се има цена и се му е на продажба. Така што јас во моментов не верува дека преговара со помалите албански партии туку дека тој се пазари. ВМРО-ДПМНЕ како што рековме наназад изминатиов период има средби и коректен и конструктивен однос со сите албански партии и сите оние кои што ќе бидат на иста линија за со визијата, програмата и планот за „Обнова на Република Македонија“ за конечно оваа држава да тргне напред, а не да тонеме ќе има простор да се преговара за коалиција после изборите.

 

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...