Одговор на новинарски прашања на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Денес запалија уште еден автомобил запален во Штип минатата недела запалија два автомобили на семејството на пратеничката Тушева, Игор Спасов меѓувреме  избега од затворот од Штип како ќе ја искоментирате безбедносната ситуација во Македонија?

Одговор: Ви благодарам на прашањата ако ми дозволите прашањата би ги поделил на два дела што се однесува на првиот дел односно на безбедносната состојба во државата ние знаеме дека цело ова време откако СДСМ е на власт во Република Македонија владее хаос и безредие, знаеме дека власта е во  директна спрега со криминалците, а што се однесува на делот на запалените возила тоа не е само случајот кој што се случи еве за кој што вие говорите утринава односно во текот на ноќта знаеме дека пред два дена исто така беа дигнати во воздух буквално на еден од советниците  на Зоран Заев возилата.  Знаеме дека пред само година дена дека исто така на Миле Зечевиќ сопругата беше исто така опожарено возилото и ако добро се сеќавам пред околу две години беше пукано врз советникот за безбедност на Зоран Заев што јасно говори дека имаме една состојба, каде што криминалците од власта директно се пресметуваат меѓу себе. Освен што од една страна Оливер Спасовски не покажа никаков капацитет за водење на оваа институција од друга страна имаме и целосно парализирање на институцијата и дозволување криминалците да прават буквално што сакаат во нашата земја вклучувајќи и  да се пресметуваат меѓусебно. Затоа е време да се стави крај на оваа владеење и ова дивеење на криминалците, време е да се стави крај на оваа криминална коалиција која што е на власт и криминалците кои што ги штити и ги поддржува и да донесеме промени и правда во Република Македонија.

Во однос на вториот дел за лицето обвинето за убиство на Мартин Нешкоски знаеме исто така дека Зоран Заев до пред да дојде на власт во Р. Македонија и да се инсталира како водач на сите институции во Република Македонија брутално го злоупотребуваше името на оштетеното лице во сите свои јавни настапи, но освен него го злоупотребуваа и сите кои што практично сега ја водат владата во Република Македонија, односно сите министри.  Откако дојде Зоран Заев односно се инсталира на власт во Република Македонија од цела онаа правда за која што тој говореше и полна му беше устата од сите оние расветлувања на тој случај за кој што говореше дека дополнително ќе ја извести јавноста и ќе обелодени многу ситуации, поврзани со тоа убиство, видовме една блиска средба негова со убиецот, видовме слики од таа средба и од друга страна денеска убиецот не се наоѓа во Република Македонија што јасно ни дава до знаење дека Зоран Заев за да дојде на власт злоупотреби многу човечки судбини, а од друга страна дојде на власт и се стави директно во функција и заштита на криминалците во Република Македонија.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...