Криминално рекетарската влада на Заев ја води Македонија кон целосен економски колапс

Соопштение до јавноста

Криминално рекетарската влада на Зоран Заев ја води Македонија кон целосен економски колапс. Сите економски параметри укажуваат дека економијата тоне и дека  СДСМ и Заев ја носат  државата во бездна.

Погубните политики и расипништвото на власта ги потврди и Светска Банка во чиј извештај „Дуинг бизнис“, Македонија за само една година има пад од седум места. Извештајот докажува дека владата на СДСМ создава негативна клима за водење на бизнис.

Светска Банка го потврди истото што пред неколку месеци го нотираа над 200 германски инвеститори во државава кои со нула ја оценија работата на владата во економијата. Тоа е така затоа што владата на Заев наместо да ги стимулира бизнисмените таа ги рекетира.

Впрочем во тоа се увери целата јавност која знае дека лично Заев е главата на октоподот кој преку Боки 13, Катица Јанева и Зоран Кичеец, стои зад најголемиот скандал во поновата историја, случајот „Рекет“.

Додека Заев го интересира колку ќе изрекетира од бизнисмените во државата и колку ќе ги прошири фамилијарните компании граѓаните гладуваат. Заради криминалот на Заев повеќе од 500.000 граѓани во Република Македонија се наоѓаат под прагот на сиромаштијата и едвај преживуваат.

Граѓаните живеат во сиромаштија затоа што единствени проекти кои ги работи власта се како Заеви да ги зголемат бизнисите со марихуана и како функционерите до Заев ќе добијат некој нов тендер или грант, а се друго стагнира, не се работи на ниту еден развоен проект.

Капиталните инвестиции кои можат да донесат некаков развој, се стопирани и тапкаат во место. СДСМ бележи најниска реализација на капитални инвестиции која за 9 месеци годинава изнесува мизерни 32,2 проценти од тоа што самите го планирале дека ќе го сработат.

Вакви катастрофални резултати државата има во сите области. Здравството се распаѓа, земјоделието опустошено, а образованието е деградирано. Целата држава е уништена како резултат на криминалот, корупцијата и рекетот на Зоран Заев и СДСМ.

Ужасот и бедата кои ги донесоа СДСМ и Зоран Заев завршуваат на 12 април, на предвремените парламентарни избори кога овие криминалци ќе бидат пратени на темната страна на политичката историја и ќе започне обновата на Македонија.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...