Арсовски: Европски вредности – Мало сутра!

Колумна на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, за Плусинфо

Лексичко објаснување за придавката „примитивен”: Нешто што се однесува или припаѓа на најстарите стадиуми на антрополошкиот или културниот развој, односно се употребува за човек кој се пронаоѓа во еден од следните стадиуми, а тоа се неразвиен, ограничен, прост, заостанат. Аналогно на ова лексичко објаснување доаѓа и зборот „Примитивизам”, област која објаснува состојба, особина или постапка на примитивец.

Погорното објаснување на зборот „примитивен” и „примитивизам” е најлогично и класично објаснување на постапката и состојбата во која се наоѓа Заев пред толпата во Прилеп, каде што доживеа потреба да изведува гестикулации несвојствени за модерното и културно општество и однесување, односно гестикулации кои што никој жив ги нема видено од страна на европски политичари, култура и вредности кон кои се стреми нашата држава. Нивниот аплауз нема да го коментирам. Да не заборавиме дека во истиот Прилеп имаше луѓе клептомани што бараа Пендаровски и Заев да им бидат родители. Верувам дека имало и луѓе во таа сала кои се срамеле додека го гледале.

Она што мене ме загрижува е што за овие неколку години, откако е активен Заев и неговите пајташи (не сите, има и добри луѓе и на страната на власта), наметнаа систем на долни вредности, односно срушија еден цел систем кој каков-таков на вредности постоел и функционирал. Кревката демократија ја расклинкаа и наметнаа ненормалното да е нормално, а примитивизмот да е највисока вредност во општеството. Крадењето, лажењето, мамењето, криминалот и корупцијата станаа препознатливи вредности за оваа Влада на Заев.

А, пак она што мене ме радува е што Зоран Заев е очаен, на колена и е пред крајот на својот неславен мандат и политичка кариера. За наша среќа нема да го гледаме повеќе, а за жал нанесе ненадоместливи штети и сите ние ќе ги трпиме, но и ќе работиме да ги санираме и надоместиме.

Следејќи му ги излагањата и настапите гледаме дека Заев е детронизиран човек кој е потонат во сопствените лаги и сега е фатен во тесно, нема каде и единствен излез му е провалијата. Како повеќе се ближи накај провалијата така се повеќе се обидува да ја повлече целата држава да оди во провалија заедно со него.

Профилот на Зоран Заев највеќе потсетува на шткотланѓанецот Грегор МекГрегор, еден од најголемите измамници во светот кој на недолжни граѓани им продавал имот во ветената земја „Појиас”, ветувајќи им брда и долини и лагоден живот. Многу шкотланѓани му поверувале, му платиле и тргнале по неговиот памет. Кога пристигнале виделе дека нема ништо од тоа, всушност пристигнале на Москито Кост (Средна Америка) и сфатиле дека се измамени, а веќе истиот МекГрегор своите лаги ги продавал во Франција на други наивни граѓани.

Истото е и со Заев, дојде на власт врз база на лаги. Се што кажа – излажа. На граѓаните им ветуваше влез во ЕУ, ветувајќи им да си го сменат името и веднаш штом го сменат ќе влеземе во ЕУ и по улиците ќе тече мед и млеко, здравството ќе биде бесплатно (уште сведочат некои билборди), земјоделските субвенции ќе биле невидени досега, правото и правната држава сами ќе дојдат кај нас и ќе се спроведат, а образованието ќе било по европски стандарди. Наместо да ја омажи Македонија во богата фамилија, видовме дека фамилијата не ја сака Македонија и тоа само заради Заев. Никој не сака расипикуќа како него да влезе во таква фамилија на европски вредности.

Голема среќа што многу мал број му поверуваа на тоа на Заев и мнозинството граѓани не го поддржа Референдумот. Наместо влез во ЕУ, дојдовме рамо до рамо со афричките земји. Наместо мед и млеко по улиците, насекаде гледаме депонии со ѓубре и дилери на секој ќош. Наместо бесплатно здравство, гледаме наместени тендери, рекет и мито во здравството и тоа од министерот Филипче, директорот на ДЗО Ден Дончев и несреќниот заменик министер кој падна за само 50 евра мито. Кога викаше дека кога ќе се смени името ќе има невидени земјоделски субвенции, реално така и испадна. За тоа богами не излажа воопшто, вистина е, невидени се субвенциите. Никој земјоделец ги нема видено, затоа и луѓето си протестираа викендов. Наместо правна држава гледаме рекетари од типот на Боки 13 и Катица Јанева, каде што директно е замешана пола Влада на СДСМ, на чело со Заев. Сите најголеми криминалци од затворите ги пушти на слобода. Кога сме кај образованието по европски стандарди, гледаме дека и просветарите се спремаат за штрајк. Штом се спремаат не ми стои дека е европско образованието.

И така, откако виде Заев дека нема каде веќе, ами во провалија, во стилот на МекГрегор пак почнува со лаги. Овој пат повторно со истите лаги од 2016, па повторно задира онаму каде што најмногу ги боли граѓаните, да знаел дека нема да не примат немало да го смени името итн итн.

Добро е што веќе не му веруваат граѓаните. Сите едвај чекаат да си оди од власта и никогаш повеќе да не се врати. Лошо е што ќе останеме да се бориме да ги промениме штетите и последиците кои ги остави во најкратката Влада на СДСМ.

Со вакви навики како на Заев, лаги, рекет, криминал и корупција и грабеж, примитивизам, ќе имаме напредок и ќе влеземе во ЕУ – МАЛО СУТРА!

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...