Во Општина Чашка не е реализиран ниту еден проект, криминално рекетарската банда на Заев ја бива само за лажење

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев – Генерален Секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани

Акцијата односно кампањата разговори за обнова на Македонија денеска не донесе во општина Чашка каде што заедно со жителите на Општина Чашка ги слушаме проблемите со кои што овие луѓе мораат да живеат секојдневно. Она што можеме да го видиме е дека буквално нити едно од ветувањата на градоначалникот не е исполнето овде на локално ниво. Немаме нити патишта, нити водоводи, нити канализации, можеби нереалните ветувања за базен и спортски игралишта исто така не само што не се започнати туку воопшто не се ни планирани.

Меѓутоа како што многу пати во минатото имаме кажано воопшто не не изненадува бидејќи се за што ги бива овие од криминално рекетарската банда на Заев е да лажат и ништо друго. Она што исто така значајно да се напомене за општина Чашка е обидот за манипулација со граѓаните со отворање на новата таканаречена албанска паралелка каде што на еден криминален начин насилнички, како што само они знаат, пробуваат без воопшто да се донесе одлука на Советот на Општина Чашка односно воопшто да не дојде до гласање да протуркаат една идеа која може да биде само за дневна политика.

Имено учениците кои живеат во неколку села во околината на Чашка наместо да бидат упатени во најблиските училишта кои што се наоѓаат на помалку од 2 километри патување, тие се обидуваат на еден перфиден начин преку таканаречена злоупотреба на децата да ги носат на повеќе од 7 километри во едно школо, без притоа да се запази нити една од законските процедури  кои што нормално важат при вакви одлуки.

Токму затоа ги повикуваме граѓаните да ги соопштат своите проблеми, а ние како ВМРО-ДПМНЕ земаме обврска тие проблеми да ги забележиме и за истите да понудиме решенија во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. Она што можам уште еднаш да напоменам е дека Зоран Заев паѓа, а Македонија почнува со обновата

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...
<