Димовски: Правосудството е сведено на партиски штаб на СДСМ

Во дебатната емисија „Детектор на телевизија Сител Илија Димовски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ја посочи јавно обвинителска фела и судството како т.н. штаб на СДСМ.

-Во моментот СДСМ кога ќе биде спремна да се откаже од контролата врз јавно-обвинителската фела којашто сега апсолутно ја поседува, во тој момент ќе можеме да разговараме. Јавното обвинителство е сведено скоро на партиски штаб.

На коментарот на Зекири дека СДСМ нема контрола врз судството и дека сите функционери кои биле под истрага досега ќе биле во затвор, Димовски му реплицираше споменувајќи имиња на функционери од СДСМ како Рашкоски за кои сега според Димовски немало соодветна постапка.

Димовски посочи дека СЈО е инструмент за контрола на политичката сцена од страна на СДСМ, на што дополнително власта „влегла во филм“ дека треба да ги рекетира сите бизнисмени во Македонија. Тој рече дека цело време СДСМ зборува за минатото, а во меѓувреме економијата инфраструктурата, здравството не се развиваат.

-Ние во Собранието овие две години сме изгласале повеќе од 20-30 заноки со двотретинско мнозинство и сме ги гласале тие закони и тоа е нотирано и во извештајот на Европската Унија и македонскиот Парламент е посочен како единствен функционален Парламент во регионот и тоа е еклатантно видливо, изјави пратеникот Илија Димовски осврнувајќи се на досегашната работа на Собранието во однос на европската агенда.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...