СДСМ го уништија македонското земјоделие и си поиграа со маката на земјоделецот

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ го уништија македонското земјоделие и си поиграа со маката на земјоделецот.

Откако е СДСМ на власт земјоделците едвај преживуваат, откупните цени се прениски, а пласманот не им е загарантиран. Така сведоци сме како земјоделските производи наместо по пазарите завршија на улиците и по ѓубриштата.

СДСМ и Зоран Заев на земјоделците им ветуваа сигурен пласман, повисоки откупни цени и нови пазари. Им ветуваа дека откупувачите ќе се тепаат кој да го откупи родот по повисока цена, но веќе трета година со ред гледаме цените се уште пониски, а од новите пазари ни трага ни глас.

Сликата на терен е драматична,  во Ресен  ги сечеа јаболката,  праската од Росоман како и зелката во струмичко и сливите од Пијанец беа истурани по улиците, а ништо поинаку не беше и во Кривогаштани произведената пиперка беше истурана по буништата.

Заради лошите политики на СДСМ во земјоделието и понижувањето на земјоделците постојано гледаме како протестираат оризопроизводителите, лозарите, произведувачите на праска, зелка, слива, речиси да нема земјоделец  кој не протестираше изминатиов период, а сето тоа кулминира со денешниот протест во Скопје  на сите земјоделци од целата држава.

СДСМ и Зоран Заев се вистинска катастрофа за земјоделието во Република Македонија. Потребни се итни мерки за спас на македонскиот земјоделец. Токму затоа доаѓа обнова на Македонија која ќе се случи после предвремените парламентарни избори во април кога СДСМ и Заев конечно ќе си заминат од власт.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...