Патот по кој Заев и СДСМ ја водат македонската економија и држава завршува во бездна

Патот по кој Зоран Заев и СДСМ ја водат македонската економија и држава завршува во бездна. Криминалната банда стационирана на Илинденска б.б. на чело со аболицираниот Заев ја опустоши македонската економија, а граѓаните ги доведе до просјачки стап.

Розевите очила на власта веќе не може да ја покријат суровата реалност во која повеќе од половина милион граѓани на Република Македонија живеат во сиромаштија. Сега власта се соочува со последиците, огромно незадоволство на граѓаните кои ќе ја казнат на предвремените парламентарни избори.

Неспособноста на криминално рекетарската банда на власт ја чувствува и бизнис секторот. Откако германските бизнисмени македонската Влада ја оценија со нула, катастрофалните економски политики ги нотира и Светската Банка.  Според извештајот на Светска Банка насловен како „Дуинг бизнис“ , годината која Заев ја прогласи како економска впрочем е фијаско, па така нашата држава бележи назадување кое резултираше со пад од 7 места на ценетата листа.

Катастрофална е и реализацијата на капиталните инвестиции која според последниот извештај за реализација на буџетот заклучно со септември 2019-тата година е нешто повеќе од 8.5 милијарди денари, односно поразителни 32.3 проценти од тоа што било планирано на почетокот на годината.

Македонија тоне на секое поле. На поразите и понижувањата кои Зоран Заев им ги сервира на македонските граѓани нема крај. Никој повеќе не му верува на Зоран Заев и неговата криминална банда. Неговата политички кариера завршува на 12 април. Граѓаните ќе изберат обнова на Македонија наместо арамиска влада на чело со аболицираниот Заев

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.