Шуковски: Со СДСМ и Гошаревски, хигиената Ресен никогаш не била на пониско ниво, а најбројни посетители на градските улици и плоштадот се кучињата скитници

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Александар Шуковски, советник во Советот на општина Ресен

Почитувани,

Изминаа повеќе од две години, одкако локалната власт ја превзеде, социјалдемократскиот сојуз и Градоначалникот Гошаревски. Толку многу се ветуваше, а граѓаните очекуваа да се реализира барем еден од многуте ветени проекти.

Во вашата програма ветувавте, нови водоводи и чиста вода за пиење, не само што тоа не го реализиравте туку и носите одлуки за рестрикции и поскапување на водата, додека милионски водовод стои под градските  улици надвор од функција,  а замислете да требаше да го изградите.

И самите не знаете колку канализациони системи и пречистителни станици ветивте дека ќе изградите, во вашата предизборна програма, како на пример  во Стење, Долно Дупени, Грнчари, Подмочани и Јанковец, како и делови од градското подрачје, а ништо од тоа не е реализирано.

Градоначалниче хигиената во градот никогаш не била на пониско ниво, а најбројни посетители на градските улици и плоштадот се кучињата скитници.

Оваа туристичка сезона беше убедливо една од најлошите во Преспа. Не беше направено апсолутно ништо за да се подобри инфраструктурната мрежа до турстичките локалитети, сместувачките капацитети итн. И веќе изградените плажи ги испустивте. Главни туристи на преспанските плажи беа јаболката кои пливаа низ езерото. Во една ваква лоша година за јаболко производителите, добро ќе  беше барем еднаш градоначалникот Гошаревски, да се појавеше на многубројните земјоделски трибини и протести, за да даде поддршка.

Почитуван градоначалник Гошаревски, наместо да се сликате низ ресенските улици за проектот МСИП 2 – реконструкција на градски улици, кој што беше изработен од предходната власт, и за кој што во предходниот состав на советот вие и останатите советници од СДСМ гласавте против овој проект, ќе биде подобро да ги засукате ракавите и да реализирате некои од вашите ветувања. Буџетот за капитални инвестиции  не ви достигнува реализација до 10%, а замислете што ќе се случува откако го изгубивте судскиот лимит на општината. Единствено останавте познати по непотизмот, незаинтересираноста и неодговоното работење, како и кршење на законот и статутот на општината.

Ова е само дел од ветените и неостварени ваши проекти во овие две години.

Преспа во ваше време го живее најголемиот регрес во историјата.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...