Шеќеринска е до гуша во криминал, затоа Заев ја пушта по телевизии да лаже и да води валкана кампања

Соопштение до јавноста-реакција на изнесените ставови на Радмила Шеќеринска во  емисијата „Само интервју“

Радмила Шеќеринска треба да одговори дали и какви подароци добивала од обвинетиот Борјан Јовановски во случајот „Рекет“. Дали знае каде завршила Луј Витон торбата и парите во неа ? Дали знае каде завршувале скапите брошеви и други подароци кои ги купувал Боки 13? Зошто молчела за нелегалните активности на неговата невладина организација? Никој не верува дека со Боки 13 бил во толкава љубов што морале постојано да вечераат заедно и да гледаат фудбал.

Радмила Шекеринска е синоним за бомбона бизнис и најкриминалниот процес на транзиција во историјата на Република Македонија. Таа лажно вработуваше „по еден член од секое семејство“. Шеќеринска самата на себе си исплаќаше кирии. Не постои афера зад која не се крие името на Радмила Шекеринска и веројатно тоа е причината зошто нејзиниот ментор Зоран Заев ја пушта низ вода нудејќи ја по телевизии да лаже и да води валкани кампањи. Само негативните кампањи, лагите и клеветите и доликуваат на Радмила Шекеринска, која го доживеа најголемиот изборен пораз во историјата.

Радмила Шекеринска заедно со нејзиниот ментор Зоран Заев, повторно ја опустоши Македонија.

Добро е што паниката и видливата избезуменост на Шекеринска говорат повеќе од нејзините празни зборови. Се ближи крајот на нејзината катастрофална политичка кариера. На 12 април граѓаните конечно ќе се ослободат и спасат од неа. Време е за обнова на Македонија.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...