Ѓорчев во Стејт департментот во Вашингтон, средба со директорот на ИРИ

Соопштение до јавноста

Пратеникот и меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев е во неколкудневна работна посета на Соединетите Американски Држави.  Во рамки на неговата посета Ѓорчев оствари средба со претставници на Стејт депарментот, а се сретна и со Даниел Твининг, претседател на Меѓународниот Републикански Институт  (ИРИ) од  Вашингтон.

Ѓорчев на средбата во Стејт департментот се сретна со Дејвид Костеланчик, новиот директор на одделот за јужна и централна Европа, заменик директорот Мајкл Константино, како и Џил Дитрих од канцеларијата за Македонија, кои ги информираше за  актуелните политички состојби во Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги развива силните билатерални односи на Македонија со САД, како и стратешкото партнерство базирано на договорот од 2008 година. Македонија ќе биде активна членка на НАТО алијансата, заедно со нашите сојузници од евро-атлантската заедница, изјави Ѓорчев.

Тој ги информираше соговорниците и дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува сериозна и конкретна програма за привлекување на инвеститори и нови фабрики на компании од САД во Македонија.

Со напорна работа и економските политики на ВМРО-ДПМНЕ ќе настојуваме да донесеме уште повеќе инвеститори од САД, како и Германија, Велика Британија, Франција, Италија, Холандија, Белгија, Австрија и други земји, посочи Ѓорчев.

На средбата со претседателот на Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Даниел Твининг, беше констатирано дека ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ ќе продолжат интензивно да соработуваат во делот на политичките обуки, кампањи, комуникација со гласачите, надворешната политика и другите аспекти на политичката соработка.

ВМРО-ДПМНЕ и ИРИ соработуваат долги години. Лично се сеќавам кога заедно со Борис Трајковски ја почнавме таа соработка во 1998 година со првиот претставник на ИРИ за Македонија Кент Патон. Денес ИРИ во Скопје има одличен тим и канцеларија, а тоа е гаранција дека ќе продолжат добрите проекти и нашата заедничка соработка и партнерство, заклучи Ѓорчев.

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...