Трпуновски: ВМРО-ДПМНЕ го поддржува земјоделскиот протест закажан за 26 октомври пред Владата на Република Македонија во 13 часот, само со силно земјоделство ќе имаме силна држава

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Цветан Трипуновски – член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Земјоделците во Македонија под власта на Заев го живеат својот најлош период.

Земјоделството во Македонија никогаш не било во полоша ситуација отколку денес, во време на Зоран Заев.

Алармантна е состојбата. Земјоделците се измамени.

Зоран Заев е директно одговорен за градинарите кои го истураат своето производство во каналите, овоштарите кои ги сечеа овошните дрвја, а родот го фрлаа на буниште, оризарите,млекарите,сточарите,лозарите, сите земјоделци  ги осетија на своја кожа погубните политики на владата на СДСМ предводена од Зоран Заев.

Жална и мачна е сликата за земјоделието во Македонија. Жална е судбината на земјоделецот во период додека Зоран Заев е на власт.

Заев ветуваше сигурен откуп и високи откупни цени. Зголемени субвенции, гарантни фондови,и зелена нафта за сите. Осовременување на механизацијата и инвестиции во водостопанството. Три години откако е на власт откупот е слаб, а откупните цени ниски. Субвенциите не само што не се зголемени туку и не се исплатени, а квази проектот зелена нафта е замачкување очи со картичка од 500 денари за само 50 тина илјади земјоделци, а во државата има над 100 илјади регистрирани. Механизацијата е застарена, а инвестиции во водостопанството не само што нема, туку нема ни плати за вработените во тоа претпријатие.

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ е со земјоделците во овие тешки времиња. Го разбира нивното незадоволство, кога владата нема разум тогаш протестот е единственото решение.

ВМРО-ДПМНЕ застанува рамо до рамо со земјоделците и му дава поддршка на земјоделскиот протест кој што е закажан за во сабота на 26 октомври 2019 пред владата на Република Македонија во 13 часот.

Нема да ги оставиме земјоделците сами. Ние сме со нив.

Мора да се врати почитта кон земјоделецот.

Мора маката да биде платена. Пролиената пот да не биде залудна. Тоа им го должи секоја влада.

Овде нема простор политика, овде се работи за жива егзистенција на илјадници напатени земјоделци.

Земјоделието не смее да стане изумрена дејност. Во век кога храната и водата ќе бидат поскапи од нафтата, кога големите сили се борат за парче обработлива земја повеќе Зоран Заев си поигрува со земјоделците.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го смени пристапот кон земјоделците. Доаѓа време за обнова на Македонија. Само со силно земјоделство ќе имаме силна држава.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...