Универзитетскиот професор Трајко Славески во емисијата „Што не е Јасно“ кој потенцираше дека државата треба да направи 10 годишна економска стратегија која би ја изработиле економски експерти.

– Можеби е време да се изработи да се пристапи кон изработка и тоа многу сериозно и за релативно краток временски период тоа да не се оддолжи во наредните неколку години подготовка на една 10 годишна економска стратегија како што прават други земји кажа Славески.

Имено, Славески додаде дека таа економска стратегија би се донесувала за периодот од 2020 до 2030 година во која што би се отвориле неколку приоритети за развојот на Република Македонија стратегија која што би ја составиле експерти како домашни така и странски но би имала и политичка поддршка од главните субјекти кои што преставуваат најголем дел од гласачите во Република Македонија.