Мицкоски: Заев бегаше од брзи избори, лага е кога велат дека не сме сакале брзи избори

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио изјави дека вообичаено Зоран Заев не ја говори вистината и несериозно ги пренесува разговорите кои се воделе на лидерската, затоа што токму Заев е тој кој што бегаше од брзи избори и лага е кога од СДСМ велат дека ВМРО-ДПМНЕ не сакало брзи избори, и тоа може да го потврдат и останатите присутни.

Мицкоски посочи дека Заев најпрвин ги дал како предлози 22-ри или 27-ми декември, но од присутните забележале дека 27-ми е петок и тогаш Заев се коригирал за 29-ти, но низ разговорите и предлозите со останатите се имале предвид и ратификацијата на поканата за членство во НАТО, но и Велигден и Рамазан Бајрам па така се стигнало до 12 или 19 април, притоа Мицкоски истакнал дека прифаќа да се во декември но притоа така се кршат законите кои мора да се испочитуваат.

– Јас реков прифаќам да биде и на 22 и на 29ти декември, но некако тогаш ќе стане пракса да ние ги кршиме законите во оваа држава. Законот е јасен дека треба 100 дена техничка влада. Потоа од другата страна почнаа да се препелкаат, ама ова се вонредни избори, викам во ред, ама и во 2016 и тогаш беа вонредни избори па важеше законот за техничка влада, изјави Мицкоски.

Тој вели дека тогаш многу повеќе беше времето бидејќи техничките министри влегоа во владата некаде крајот на 2015 па се одлагаа изборите кои што требаше да бидат во април 2016, па се одлагаа за јуни, па за во декември, така што овие министри беа и повеќе од 100 дена.

Еве да го испочитуваме законот кој што вели 100 дена техничка влада па да ја распуштиме владата следната недела мислејќи на оваа календарска недела и од денот кога ќе имаме технички премиер да броиме 100 дена и тогаш, дали јануари или февруари да видиме датумот и да ги одржиме изборите. Да го почитуваме законот, затоа што ние доколку продолжиме да даваме пример дека ги кршиме законите , тогаш дополнително ќе ја урнисаме довербата помеѓу граѓаните и ќе ја зголемиме недовербата, Од дел од присутните тоа не беше прифатено, потоа предлог дадовме 22 или 29 март и некако дојдовме да се испрофилира датумот околу 12 април, потенцираше Мицкоски.

Воедно тој нагласи дека Заев цело време барал причина зошто да не се порано изборите затоа што во јануари имало обврзница 185 милиони која требало да се плати и поради тоа се консултирал со министерката за одбрана, па со министерката за финансии и на крај сите се сложиле да биде 12 април, а техничката влада да биде формирана некаде на 3 јануари.

Поврзани вести

Мицкоски: Владата одби да разговара за нашиот предлог за субвенција од 50% за трошоци на бруто плата, односно до 27 илјади денари по вработен, не е време за политика туку спасување на економијата

Интегрален текст од прес конференција на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани, Оваа вонредна...

Ја повикуваме Шекеринска јавно да ги објави исплатите од државниот трезор што се на име на министерство за одбрана и таму ќе видиме 1.4 милиони денари за патувања и ручеци за само 4 дена

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Радмила Шекеринска Шекеринска освен тоа што во...

Советничка група на ВМРО ДПМНЕ:И профитерството на Петре се претера, скопјани му даваат повеќе од 100 евра само Шилегов да засука ракави и почне да работи

Соопштение до јавноста Почитувани, Најновата кампања на градоначалникот Шилегов е насловена „пратете фотографија од...

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....