Мицкоски: Во првите 100 дена на владата граѓаните ќе ја почувствуваат разликата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио изјави дека на новата влада која ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ ќе и биде потребно многу работа, многу труд, но граѓаните разликата ќе ја почувствуваат уште во првите 100 дена и дека го гарантира тоа.

– Знам дека ќе е пеколно тешко, многу работа, многу труд, но она што ме прави среќен е тоа што огромна е поддршката кај оние определени наши сограѓани кон ВМРО-ДПМНЕ и кон политиките на ВМРО-ДПМНЕ и оние од кои огромна е критиката кон СДСМ и политиките на СДСМ, потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека нема повеќе простор оваа држава да губи и да тоне во оваа жива кал и потребно е да излеземе од оваа жива кал и да се понуди еден нов пристап на политичката сцена во Македонија и смета дека во тоа ќе успее.

-Се надевам дека ќе биде полесно во годините во иднина кога ќе ја формираме новата влада во Република Македонија. Се обидувам да ги разубедам луѓето до последен момент, но убеден сум дека со политиките кои ќе ги водиме самите ќе бидат разубедени дека овие луѓе тоа што го говореле вистински го говореле, а разликата ќе ја почувствуваат првите сто дена, јас тоа ви го гарантирам, нагласи Мицкоски

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...