Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонско радио изјави дека сите анкети покажуваат предност во корист на ВМРО-ДПМНЕ и дека таа предност е околу 100.000 гласови и затоа очекува убедлива порака на предвремените парламентарни избори.

– Предноста на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, но истовремено ќе кажам и стравот е присутен, посебно кај оние анкети што се телефонски бидејќи луѓето се плашат да  одговорат на телефон не знаејќи кој е од другата страна и најчесто велат не знам, нема да гласам и така натаму. Но тие што се определени предноста е околу 100.000 гласа, очекувам убедлива победа, потенцираше Мицкоски.

Тој вели дека очекува победата да биде толку убедлива така што ќе превенира еден пост изборен инженеринг  и зошто да не биде победа и со 61 пратеник и заради тоа ќе дадат се од себе а граѓаните тоа ќе го препознаат.