Мицкоски: Она што го располагаме за Рекет ќе го изнесеме доколку случајот се заташка

Ќе дадеме шанса за случајот Рекет, но доколку видиме дека е злоупотребен и контаминиран целиот овој процес, односно  наместо да рефлектира правда, ќе рефлектира неправда, тогаш ќе мораме ние на граѓаните  да им ги презентираме фактите со кои што ние располагаме, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Македонското радио.

Мицкоски истакна дека тие се уште даваат шанса да се истражи процесот и да се изведе пред лицето на правдата она кое што треба да биде изведено, односно она кое што е опфатено, контаминирано со овие случаи и тоа е навистина тест дали ние сакаме да имаме правна држава или не.

– Ова е втора, шанса првата СЈО видовме како неславно заврши, сега имаме втора можност со друга политичка елита, тоа е аферата Рекет, па Рекет 2, Рекет 3 и така натаму, да видиме дали навистина имаме владеење на правото и дали навистина има желба за да се врати владеење на правото. Засега морам да признаам, а врз основа на она кое што ние го имаме како информација, не е ни одблиску до нашите очекувања за една фер и транспарентна постапка. Го следиме внимателно процесот и од внатре и од надвор, му даваме шанса, не сакаме да се протолкува како влијание во процесот, потенцираше  Мицкоски.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.