Во интервју за Македонско радио претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски посочи дека Македонија нема повеќе време за губење со погрешни политики како тие кои што ги правеше Зоран Заев злоупотребувајќи ја политичката моќ, а чии последици се катастрофални.

Не може да одите напред ако немате темел. Ама еве гледаме што се случи со договорот. Последиците се катастрофални и за едните и за другите ако не водите сметка на минатото.  Но, Заев додека тоа го правеше не заборави да ја злоупотребува својата политичка моќ. Неговото семејство и блиски до неговото семејство продолжија да ја шират бизнис империјата. Има индиции за сериозни злоупотреби за сериозен криминал, арамилук итн. Тоа не заборави да го прави, но се обидуваше кон меѓународната заедница да рефлектира исполнителност дури и онаква каква што од него во тој момент не се очекува не се ни бара. Сега да зборуваме дека требало од внатре да се промениме не да очекуваме некој од надвор да не смени? Сето тоа беше погрешно. Сето тоа беше егзибиционистичким истакна Мицкоски.

Тој потенцираше дека е горд на тоа што  ВМРО-ДПМНЕ во целиот овој процес не учествуваше како генерација политичари бидејќи од самиот почеток  сметаа дека тоа е погрешно и не е во согласност со нашите државни и национални интереси.

Да, велевме дека одиме кон НАТО кон ЕУ тоа се нашите стратешки партнери но мора да најдеме подобар начин ни треба договор никој не велеше дека не ни треба, но не ваков. И кога предупредувавме во минатото луѓето мислеа ова се неискусни политичари, ново раководство не разбираат политика не знаат што е тоа но сега кога се удри работава во ѕид многумина се јавуваат и велат дека погрешиле, заклучи Мицкоски.