Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на граѓаните на Република Македонија да им го честитам празникот 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Таа борба која ја почнале Груев, Татарчев, Поп Арсов, Хаџи Николов, Димитров и Батанџиев била водена од искрената и чиста цел за слободна Македонска држава и таа борба низ годините била водилка на илјадниците македонски револуционери кои живееле и умирале за Македонија.

23-ти Октомври е темелот на кој се надоврзуваа Илинденската епопеја и Крушевската Република, Народноослободителната борба и АСНОМ, но и 8-ми Септември и независна Република Македонија.

Истрајноста на тој идеал за слобода и еднаквост 126 години покажува дека овој народ и оваа држава негувале и ќе негуваат европски и цивилизациски вредности и сите ние на тоа треба да се гордееме и да продолжиме да го градиме.

Наша обврска како народ е да ја продолжиме оваа борба не само како спомен на нашите предци, туку и како завет за идните генерации. Само со труд, постојанство и обнова можеме да бидеме сигурни дека Македонија ќе чекори кон напредокот и успесите, наместо поразите и уназадувањето.

Македонија ја чекаат предизвици, но и подобри времиња. Како никогаш порано судбината на нашата земја е во рацете на нашиот народ, а јас силно и цврсто верувам дека обновата ќе дојде.

Нека е честит празникот.

Нека е вечна борбата за Македонија.

Нека е жива Македонија.

Со почит,
Христијан Мицкоски,
Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....