Заев се удави во криминал, ги продаде националните интереси и не доби датум за почеток на преговори со ЕУ

Зоран Заев ќе ги изгуби претстојните предвремени парламентарни избори. Тој тоа го знае и затоа излегува со панични интервјуа во кои сите му се виновни.  Премиерот во заминување се удави во криминал, ги продаде националните интереси и не доби датум за почеток на преговори со ЕУ, а сега се обидува да се амнестира.

Ниту Макрон, ниту било кој друг политичар од Европа го лажел Заев дека ќе влезе во ЕУ ако го смени името на државата. За влез во ЕУ се потребни реформи и многу работа. Заев не го испорача ниту едното, ниту другото.

Власта на Заев не им даде доволно аргументи на нашите меѓународни пријатели кои константно ни помагаат да добиеме датум. Криминалот, корупцијата и рекет аферите се клучната причина зошто Македонија извиси. Тоа граѓаните го знаат и затоа ќе го испратат Заев во историјата, а СДСМ во опозиција.

На граѓаните им е доста од криминал, корупција и рекет. Граѓаните бараат обнова. Граѓаните сакаат државата да тргне напред и затоа во огромно мнозинство го поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ.

Доаѓа крај за СДСМ и почеток за обнова на Македонија.

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...