Стоилковски: Додека Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Наум Стоилковски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Во време додека Зоран Заев е премиер, фирмите на семејството Заеви енормно се шират.

Фирмите на Заев го купија струмичкиот гигант Герас Цунев по цена на една гарсоњера, за 40.000 евра добиваат проекти за градби на станбени комплекси вредни 10-тици пати повеќе, Заеви добија лиценци за одгледување на марихуана. И тоа не е се. Сега се турка закон со кој што најголема заработка ќе има нарко- бизнисот, плантажите на Заеви за марихуана. Предлогот е пратен во Собрание и наскоро се очекува да се дискутира по него. Вакви примери има многу. Бизнис во Струмица велат  не е можен, а можеби и во цела Македонија, ако фирмите на Заеви во тоа немаат интерес.

Почитувани компаниите на Заеви, триесетина на број, прават годишен обрт од 56 милиони евра. И тоа во време кога Заев е премиер! Заев е должен да објасни колкава е разликата во обртот на бизнисите, обртот на пари сега и пред да стане премиер? Колкукратно е зголемен обртот на пари? Заев мора да објасни колку од семејните фирми, но и фирмите кои соработуваат со нив, добивале државна помош и колку изнесува таа помош? Колку тендери добиле и на колку тендери учествувале фирмите соработнички на заевите компании?

Зоран Заев со триесетина семејни компании е пример за можна корупција, за политичко влијание, за моќ во бизнис релациите. 60-тината милиони евра обрт се 60-тина милиони причини за корупција и за насочување на државните економски текови. Се додека на јавна функција се политичари кои се сопственици, или влијателни акционери на компании, има можност за корупција.

Почитувани,

Македонија ја тресат скандали поврзани со корупција и злоупотреба на моќта, поврзани и со политичкото делување на Зоран Заев, почнувајќи од струмички Глобал, до транспорт, градби, ископи, позајмици, до полињата со марихуана, сите поврани со фирмите на Заеви.

Сите политичари кои вршат јавни функции, мора суштински да се оттргнат од компаниите каде се или биле дел, во спротивно отвораат оправдана перцепција за корупција и насочување на државната економија кон лични цели. Формалното бришење од сопственост, или формалното замрзнување на своето делување во компанија на политичари кои истовремено се и јавни јавни функционери, како Заев, отвора реална можност за злоупотреба на позицијата на моќ.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...