Пинокио Заев ги излажа скопјани и граѓаните на цела Македонија

Соопштение до јавноста, реакција на прес конференцијата на Каја Шукова

Пинокио Заев ги излажа скопјани и граѓаните на цела Македонија. Пинокио Заев на цел глас од Аеродром ветуваше чист воздух за Скопје. Две години откако Заев ветуваше, Скопје во зима го дише најзагадениот воздух во Европа.

Три години откако Заев е на власт, а две години откако СДСМ ја има целосната контрола во општините нема ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

Иде зима и граѓаните и сами ќе видат дека квалитет на воздух не само што нема да биде подобро, туку ќе биде и полошо, поради тоа што Зоран Заев ништо не направи за негово подобрување.

На граѓаните им е преку глава од популистички мекри кои не го решаваат проблемот, туку служат само за собирање  на ситни политички поени.

Граѓаните го препознаа лицемерниот однос на СДСМ и затоа ќе ја испратат партијата во опозиција на следните предвремени парламентарни избори.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.