Паунов: Две години СДСМ во Карбинци се две години пустош и негрижа од градоначалникот Јордан Насев

Интегрален текст од изјава за медиуми на Виктор Паунов

Почитувани

Две години локална власт на СДСМ во Карбинци, две години неработење, пустош и негрижа на градоначалникот Јордан Насев.

Општина Карбинци се наоѓа на дното во Република Македонија.

Пред 2 години ветувавте живот и напредок но донесовте непотизам, партизација и живот но, само за најблиските.

За 2 години имате катастрофална реализација на едвај 3,7% од вашата програма а немате ниту еден капитален проект.

Ветивте нова училишна зграда во село Таринци, реконструкција на пристапна улица и изградба на мост на Козјачка река во населено место Карбинци.

Ветувавте изградба на брана на Козјачка река. Ветивте почиста вода за пиење во Радање, Таринци и целиот плачковички регион. Но ништо од сето тоа.

Го заборавивте Крупиште, Долни Балван, ветувавте велосипедски и пешачки патеки од Балван до Карбинци.

За 2 години имате ставено дури 350 метри асфалт, со оваа динамика до крајот на мандатот ќе немате ниту  1 километар асфалт.

За најмладите ветувавте изградба на спортски терени, игралишта во секое село, но сликата е многу трагична и постоечките не можете да ги одржувате.

Земјоделците и сточарите се најголемите жртви на вашето владеење, во општина која има повеќе реки, земјоделието е на работ на егзистенција. Неспособноста да ги менаџирате природните ресурси за потребите на граѓаните не водат до пропаст.

Но затоа овие 2 години блескате на неколку полиња: во приватните и фамилијарни бизниси, аферите и скандалите, непотизамот и партиските вработувања. И на крај господа од власта, НА ПРАВ ПАТ сте кон заминување во долга опозиција!

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...