Мицкоски: Немам концесија кон никого, Заев има огромен багаж зад себе и концесии кон многумина

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Слободен печат, изјави дека тој како политичар нема концесија кон никого, но Зоран Заев во високата политика е влезен со голем багаж, обвиненија против него и концесии кон многумина

– Јас во врвната политика како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, доаѓам од академските кругови, како што рековте сум ги поминал сите нивоа во рамките на партија од своја 16 годишна возраст и немам никаква концесија и затоа мислам дека имам кредибилитет. Додека пак мојот политички конкурент влезе во врвната политика со голем багаж позади себе, случај за поткуп, случај за пуч и други помали или поголеми случаи кои што ги имаше и не може тој да има ист кредбилитет како јас во рамките на понудата што ќе ја дадеме пред граѓаните, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека заради разочараувањата кои ги донесе власта на Заев и неисполнетите ветувања ќе биде пеколно тешко да се убедат граѓаните, но откако ќе ја презентира својата понуда убеден е дека планот на ВМРО-ДПМНЕ, планот на коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....