Мицкоски: Барав наредната недела да се распушти парламентот и првиот ден после 100 дена техничка влада да имаме избори, Заев тоа не го прифати, ќе победиме и во април

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во денешното интервју за порталот Слободен печат, нагласи дека барал од лидерите на останатите политички партии наредната недела да се распушти парламентот и да започне да тече рокот на техничка влада од 100 дена, но како што рече тоа не било прифатено и на крај се договориле предвремените избори да бидат на 12 април наредната година

-Законот е јасен 100 дена техничка влада, уставна категорија распуштање на парламентот а тоа е од 45 до 60 дена. Така што ние рековме нема проблем во текот на следната недела ајде да ја распуштиме оваа влада, да формираме техничка влада и од тој ден натаму кога ќе дојдат, дали јануари, февруари да одржиме предвремени парламентарни избор. Но, тоа не беше прифатено од страна на останатите политички партии кои што беа на масата иако бев свесен апсолутно за целта и намерата на машинеријата на СДСМ и Зоран Заев дека они ќе кажат брз избори па како ние не сме прифатиле, па сето тоа ќе биде еден вид на драма и слично., вели Мицкоски.

Тоа не беше прифатено. Потоа дојдоа предлозите крај на март, почеток на април па се усогласивме да бидат на 12 април, додаде тој.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...