Димовски:По блокадата од Франција добивме признание од премиерот дека тежината на Преспанскиот договор не е таква каква што сака да ја претстави

Во емисијата „Топ Тема“ вечерва гостуваше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој посочи дека премиерот по блокадата од Франција призна дека Преспанскиот договор не е добар.

Тезата дека ние блескаме, дека ние се сме средиле, дека сме ги исполниле сите услови, а таму некаде да оставиме Брисел да среди, бидејќи тие не се на нашето ниво на среденост, на стандарди. Па они да се освестат дека згрешиле, заради тоа што ние се добро сме направиле и сме ги исполниле сите услови, тоа е апсолутно нелогична, таа има маркетиншки ефект во рамките на СДСМ и нивните најтврди соработници, истакна Димовски.

Димовски додаде дека смелост да кажете дека во Република Македонија се сте средиле, во ситуација кога имате најкрупен скандал поврзан во кој што се вклучени високи владини функционери, судии, јавни обвинители и медиумски ѕвезди итн. И да се чудите зошто ви кажуваат странските претставници дека доколку не се разреши случајот тој и тој во кој што е поврзан највисокиот врв од владата на Република Македонија ќе имате проблеми, и тоа неколку амбасади го соопштија како став, и тоа неколку недели пред донесување на одлуката. И да се правите наудрен и на крај да испаѓате дека сте жртва, дека ве изневериле, ве излажале. Нема изневерување и излажување во меѓународните односи.

Во меѓународните односи има правила. Меѓународната политика е посурова од домашната политика, колку и ние да се чудиме во тоа. Вие да кажете, да кажеше Франција дека ќе не блокира ама барем да кажеше пред Преспанскиот договор е признание од премиерот дека тежината на Преспанскиот договор не е таква каква што сака да ја претстави. Значи ние сме направиле нешто вондредно многу, а сме се надевале дека Франција нема да не блокира. Да ни кажела Франција дека ќе блокира немало да го правиме Преспанскиот договор, што значи дека Преспанскиот договор не е добар, констатира Димовски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...