„Народот нема да му ги прости двете лаги на Заев, онаа за живот и дека ќе не внесат во ЕУ“

-Јас се сеќавам Зоран Заев кога велеше на неколку минитинзи за време на претседателските избори еве бев со канцеларката Меркел , бев со претседателот Макрон, носам добри вести, добиваме дата. Дојде јуни, ајде јуни не добивме датум, па јули се споменувше како можен датум. Потоа се репроектираше желбата таму некаде октовмри сигурно добиваме итн. Дојде , помина октовмри помина состанокот на Европскиот совет, поминааа состаноците на министрите, на шефовите на делагија во рамките на Брисел, од тоа нема ништо, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во своето гостување во емисијата „КланДебата„.

Тој во своето гостување потенцираше дека целокупната кампања којашто беше последна која е практично завршница на еден круг којшто започна со предвремените парламентарни избори во 2016 се темелеше на две големи лаги.

-Првата голема лага беше кампањата „За живот„ велеа ќе донесат живот, а во суштина донесоа „многу убав живот“ , и втората работа којашто ја донесоа, а која се темели исто така на голема лага е едно огромно разочарување за политиките коишто се водеа за интегрирњето на нашата држава, на Македнија во рамките на европската унија, т.е да бидам попрецизен за добивање на дата за отпочнување на членство, истакна претседателот Мицкоски.
Мицкоски додаде дека овие две големи лаги врз основа на кои Зоран Заев и СДСМ ги темелеа сопствените кампањи за време на предвремените парламентарни избори во 2016 , за време на локалните извори октомври 2017 и за време на претседателските избори април 2019.

Поврзани вести

Стојаноска: Со серијата пропусти Филипче го загрозува здравјето на граѓаните, затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе и кривична пријава до надлежното ЈО за загрозување на здравјето на граѓаните

Интегрален текст од прес конференција на Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ  Почитувани,...

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....