Во емисијата „Клан дебата“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој истакна дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, граѓаните на Република Македонија уште во првите 100 дена ќе ја почувствуваат разликата од криминалната влада на СДСМ, и владата на ВМРО-ДПМНЕ која ќе ја започне обновата на државата.

-Ви кажувам како правосуден систем замислувам, каква ќе биде нашата немилосрдна борба против криминалот и корупцијата. Со што се сум подготвен да разговарам за да го вратиме владеењето на правото, а потоа се друго ќе дојде, посочи Мицкоски.

Мицкоски додаде дека по враќање на правната држава, Македонија ќе стане технолошки тигар, ќе има стабилна економија, подобро здравство.

-Тоа што ние го нудиме, јас ви гарантирам најголемиот дел после првите 100 дена граѓаните во Македонија ќе се убедат во разликата помеѓу владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и се што било во минатото, појасни Мицкоски.