08.01.2024

Стоилковски: СДС и ДУИ дозволија партиски банди неказнето да заземат контролна кула на аеродром, по изборите ќе има целосна одговорност

Почитувани, 

Никогаш не било полошо. Партискиот правосуден систем повторно приредува театар на апсурдот пред партиските банди на власта.
Четврти ден, неказнетиот упад и тепање во контролната кула од партиски банди е сликата за Македонија, во режија на ДУИ и неспособната СДС коишто се претставуваат како Европски фронт, за случај што во секоја нормална држава би бил затворен само за неколку часа.
Партиската војска на сила зазема контролна кула, со шамари и со тупаници напаѓа вработени на смена додека 40 авиони се над градот. Може само да замислиме реакција за справување во Њујорк, Берлин, Лондон, било каде во светот. Но, наместо тоа бандитските ДУИ и поданиците од СДС приредуваат сценарија коишто доведуваат до апсурди во безбедносниот и правосудниот систем:
-Четворица напаѓачи организирани од ДУИ ги нема- МВР не знае каде се;
-Оние од ДУИ однесени пред суд се пуштени без притвор од судија близок на ДУИ ;
-Обвинителство и судот си префрлаат топка; ОЈО барало притвор заради “Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај”, судот на ДУИ тврди немало докази;
-Тепаниот е приведен на граница, за него имало наредба да биде апсен;
-Едниот од напаѓачите веќе требало да е во затвор за друго дело, ама не е;
-Главниот напаѓач, функционер на ДУИ утре ќе оди на работа во контролната кула, кај тепаните и оние што со банда дошол да ги тепа пред само четири дена;
-Обезбедувањето миленик на ДУИ, соучесник во упадот, продолжува со работа, иако пуштиле неовластени лица, и оние што не се на смена во контролна кула за да тепаат, додека авиони кружат над Скопје!?
Почитувани, 

Ова е реализацијата на лажниот Европски фронт, партиски банди делат тупаници, а нивни судии ги пуштаат.
Упадот и тепањето во М-НАВ  е вистинскиот фронт на бандитското ДУИ и поданичкото СДС, коешто полека го затвораат како „кошкање меѓу колеги“.
Ковачевски, Бочварски, Спасовски, Петровска, Грковска, без образ ќе молчат за уште некој ден да седат во фотелји и да  обезбедуваат недопирливост за себе и за бандите.
Никогаш не било полошо. СДС и ДУИ дозволија партиски банди неказнето да заземат контролна кула на аеродром, по изборите ќе има целосна одговорност.
Никогаш не било полошо, важно е да ги поразиме!