Мицкоски: На предвремените парламентарни избори победува обновата на Македонија

Интегрален текст од изјава за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Добровечер на сите, добровечер на македонската јавност

Имавме плодна и квалитетна дебата во првиот дел ги реафирмираа сите  учесници на средбата ставовите дека остануваме посветени на евроатланската интеграција  на Република Македонија, членството во НАТО Алијансата и се разбира работењето понатаму во  иднина за добивање дата за отпочнување на преговори со ЕУ.

Тука не постоеше дилема кај никој од учесниците и мислам дека друга алтернатива за Република Македонија и не постои практично и мислам дека тоа на новинарите им беше кажано  од страна на претседателот на државата.

Во вториот дел разговаравме за предвремените парламентарни избори коишто се неминовност после ова што се случуваше, а тоа е нели оној дебакал којшто  го доживеа владата предводена од  Зоран Заев и СДСМ.

Практично поразени се арамилукот, поразени се неправдите, поразени се сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период . Следуваат предвремени парламентарни избори. На тие предвремени парламентарни избори победува обновата  на Македонија, а потоа засукување на ракави и безкомппромисна работа  секој ден  за да можеме да го постигнеме сето она коешто е изгубено во овој  период и Македонија  да ја ставиме на брза лента  за да стане дел од европското семејство.

Поврзани вести

Николовска: Третата фирма која добила лиценца за марихуана е во сопственост на Митра Лазарова, мајка на близок до власта и сопственик на НИКОБ обезбедување Кирил Лазаров

Интегрален текст од прес конференција на Ружица Николовска Почитувани, Случајот “Канабис-милионите на Заев” зема...

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...