Мицкоски: Заклучокот на Венецијанска е дека се урива правниот систем во Македонија

Во емисијата „Стадион“ на „Канал 77“ гостуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој посочи дека според заклучокот на Венецијанска комисија е дека се урива правниот систем во Македонија со законот на СДСМ.

Власт во оваа држава е коалицијата предводена од Зоран Заев, СДСМ, ДУИ и претпоставувам уште неколку помали политички партии и целокупна одговорност за сите погрешни политики веќе трета година по ред ја имаат тие луѓе.

Ние како опозиција може да се бориме со сите демократски алатки кои што стојат на располагање и тоа го правевме изминатиот период. Јасно го знаат ставот оние граѓани кои што сакаат и се добронамерни да го слушнат ставот на ВМРО-ДПМНЕ е поврзано и со Законот за јазиците, и со сето останато што според нас изминатиот период беше погрешно, појасни Мицкоски. Мицкоски додаде дека во едно разумно, демократско општество се отвора јавна дебата по неколку прашања.

И ВМРО-ДПМНЕ како партија апелираше особено за прашањето околу Законот за јазици и тоа што апелираше излезе дека е точно во суштина, практично Венецијанската комисија си го кажа своето во работниот извештај. Венецијанската комисија во својот работен извештај се изјасни ние не сме против примената на јазиците на етникумите кои што се различни од македонскиот народ во Македонија. Но истовремено тоа мора да биде функционално, применливо согласно законите и Уставот итн.

Тогаш се дивееше на еден начин односно тоа се спроведе и се имплементираше, се доведоа во кривична одговорност директори на институции како директорот на „Службен Весник“. И гледаме денеска Венецијанската Комисија каков заклучок дала, замислете заклучокот никој не го коментира тоа, заклучокот е дека го урива правниот систем. Тоа е еден од основите на Копенхагешките критериуми да може Македонија да напредува во евроинтеграциите. Вие ако немате функционален правен систем, вие не можете да напредувате во понатамошните евроинтеграции, истакна Мицкоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...