Милошоски: Не лажеа цело време, дипломатијата ни е на колена

Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „КликПлус„  кажа дека присуството во емисијата на Исмет Рамадани, советник на премиерот Заев  за НАТО интеграции, а отсуството на советникот Љупчо Зафировски , контравезрзниот и за јавноста непознат советник на Заев за Франција, за кого премиерот во Собрание кажа дека е личен пријател со луѓе од опкружувањето на Макрон  е доказ за таа лажна посветеност.

-Советникот Љупчо Зафировски  зема 1200 евра месечно, ангажиран е околу 2ипол години и досега земал  околу 60.000 евра од македонските даночни обврзници. Ние требаше вечерва ако не е радосен и задоволен Бујар Османи, ако не е расположен да се појави во емисијата Никола Димитров  барем советникот Љупчо Зафировски –главен за односите со Макрон, тој којшто е близок до Заев  да дојде вечерва и да ни објасни со кого се сретнал,кога имале последен контакт со Париз, зошто во последните девет месеци  на барање на македонското МНР преку францускиот амбасадор во Македонија и преку македонската амбасада во Париз  не е остварената нути работна средба на Заев со претседателот Макрон. Тоа е неуспех,потенцираша пратеникот Милошоски.

Тој објасни дека неуспех е кога дипломатијата нема да обезбеди однапред, затоа се дипломатите се присутни насекаде затоа разменуват информации, кога нема да ве предупреди дека ви следува блокада и зошто е таа блокада. Дали е таа заради стратешки интерес со Србија, дали е таа заради Македонија, дали е заради неисполнети реформи или комбинација од се тоа е помалку важно.

Важно е кога државниот врв ги носи одлуките, треба да има однапред  добро подготвени информации.Ние гледаме импровизација каде премиерот Заев посветил 10 месеци на контакти со некој си лажен Порошенко, не успеал еднаш витински да е слушне со Макрон или да има работна средба, додаде Милошоски.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...