Јанушев: Сите граѓани на Македонија беа казнети поради погрешните политики на Зоран Заев

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да биде меѓу граѓаните, денес сме во Крива Паланка каде што имаме огромен одѕив на граѓани кои се дојдени овде во акцијата „Разговори за обнова на Македонија“.  Да ги искажат своите проблеми, за кои што ние како политичка партија земаме обврска да понудиме решенија во новата изборна програма.

Она што имавме прилика да го видиме, да се случува деновите е всушност нешто што наназад некој период го кажувавме, и го соопштувавме и апелиравме всушност до криминално рекетарската влада на Заев е дека без вистински реформи Македонија не може да се придвижи напред.

За жал, на штета на сите граѓани на Република Македонија, едноставно беа со оваа одлука казнети поради погрешните политики на Зоран Заев.

Она што го очекуваме во следниот период имајќи во предвид за каков човек станува збор, нема да не изненади доколку излезе и всушност целата вина се обиде да ја префрли на ВМРО-ДПМНЕ.

Меѓутоа нашиот народ е свесен што се случува така да сметаме дека еден ваков обид ќе биде само всушност јалов обид за обид за дефокусирање повторно на јавноста.

Продолжуваме уште посилно од сега. Продолжуваме со нашата кампања за обнова на Македонија и за многу брзо се она што ќе имаме прилика да го слушнеме од граѓаните, ќе излеземе не само со програма туку и по формирањето на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ тоа да го реализираме, и да овозможиме подобар живот за граѓаните на оваа држава.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...