Доста бea лаги и манипулации, Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка

Соопштение до јавноста

Доста бea лаги, доста манипулации. Зоран Заев веднаш да си поднесе неотповиклива оставка. Европа кажа не на криминалот и корупцијата, кажа не на рекетот. Европа му кажа не на Зоран Заев, а жртва за жал се граѓаните и Република Македонија. Овој пораз е единствено на сметка на Зоран Заев и погубните политики на СДСМ, а не на македонскиот народ и граѓаните на Македонија.

Нашиот народ живее тешко, над 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, криминалот царува во Македонија, а на чело на криминално рекетарската банда сместена на Илинденска б.б. е аболицираниот Заев. Како што предупредуваше ВМРО-ДПМНЕ, откажувањето од името, идентитетот, јазикот и историјата не се европски вредности, без реформи европската перспектива за Македонија е само мисловна именка.

Потребни се реформи кои што ВМРО-ДПМНЕ ќе ги предложи во најкус можен период. Доаѓа обновата на Македонија и крај на криминалната банда која ја корумпираше секоја пора на македонското општество.

Заев е во паника и единствено го одложува неизбежниот крај на неговата трагична политичка кариера во која донесе само порази за македонската држава и македонскиот народ. Заев се плаши само од едно нешто, тој се плаши поради тоа што ќе мора да плати за се што стори. Се плаши бидејќи ќе одоговора за лоповлукот, корупцијата, рекетот, криминалните тендери и грантови на штета на македонскиот народ. Крајот е близу, време е за обнова, време е за предвремени парламентарни избори, на кои граѓаните на Република Македонија ќе кажат доста е од корумпирани политичари за кои синоним е Зоран Заев.

 

 

 

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...