ОК ВМРО-ДПМНЕ Босилово: Жителите на општина Босилово се целосно разочарани од неспособноста на градоначалникот Зимбаков

Интегрален текст од изјава за медиуми на Трајче Барбутов

Почитувани,

Граѓаните од општина Босилово се целосно разочарани од работата на градоначалникот Зоран Зимбаков. Голем дел од неговите ветувања не се исполнети ниту пак нивнта реализација е започната. Неговата програма е неверојатно обемна и во најголем дел со нереални проекти и задачи.

Во досегашното двегодишно работење на актуелниот градоначалник бележиме многу нереализирани ветувања, односно големи лаги предвидени во неговата програма во однос на роковите за нивна реализација.

Нереализирани проекти од областа на образованието и спортот:

Изградба на спортско игралиште во с. Моноспитово и во други населени места до 2019 година, замена на азбестни кровови на училишта, организирање на кујна за исхрана на ученици од подрачни училишта, користење на алтернативни извори на енергија за училиштата.

Во делот на локални патишта, изградба на локален пат Иловица – Дрвош 2019, изградба на локален пат Ст. Балдовцин – Дрвош 2019 година, реконструкција на дел од локалниот пат Дрваош – Хамзали 2019г. Сето ова е нереализирано.

Од областа на комуналните дејности, изградба на отворен пазар во с. Босилово како клучен проект за 2019, бетонирање на атмосферски канал во с.Босилово за 2018, уништена, оштетена и необновена урбана опрема : клупи за седење, канделабди, корпи за отпадоци, дислокација на доводен цевковод за водата за пиење за с.Босилово од ХС „Иловица“ на локалниот пат Босилово – Радово за 2018 и ова е нереалзиирано.

Бележиме проблеми со кои актуелниот градоначалник не може да се справи и за истите да изнајде трајно решение за хроничен недостиг на вода за пиење во текот на целиот летен период во населеното место Дрвош, намален притисок и немање на доволни количини на вода за пиење во летниот период во повеќе населени места.

Градоначалникот Зоран Зимбаков не ги реализира сите овие проекти, но успеа да ја асфалтира улицата каде што живее самиот тој и каде поминува само неговиот автомобил.

Друга улица која успеа да ја асфалтира во општината во својот досегашен мандат е улицата каде што живее актуелниот претседател на Советот и поранешен претседател на О.О. на СДСМ  во с.Иловица.

Градоначалникот на општината е на ПРАВ ПАТ – за останатите граѓани на општината: кал, прав и дупки по улиците.

Почитувани, дојде живот само за нив.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...