Мицкоски со порака до граѓаните: Имаме јасен план, имаме визија како сево ова што го зборувам во пракса да го спроведеме веднаш откако ќе биде избрана новата влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Добар ден на сите,

Ќе ми дозволите најпрвин да ви се заблагодарам за вашето присуство, што одвоивте дел од вашето ценето време да биде денеска овде со нас да можеме да поразговараме за Обновата на Македонија за тоа што следи, да слушнеме кои се реалните проблеми на нашите сограѓани.

Веќе неколку недели нашата теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за Подобра Македонија е на плоштадите, улиците во Македонија, разговараме со граѓаните и учиме од граѓаните, имаме чувство како да долго време некој не ги слушнам проблемите, оние обичните проблеми на нашите сограѓани, тоа беше нашиот мотив и тоа беше нашата водилка зошто одлучивме токму од сега, неколку месеци пред време преку овие наши теренски активности да започнеме една голема широка дебата со граѓаните на Македонија и да можеме одблиску, очи во очи, гради во гради да ги слушнеме реалните проблеми а потоа да понудиме и соодветни решенија за тие реални проблеми, не оние измислените и замислените кои што се носат во оние дебели кожни фотелји газејќи ги ќе повторам оние дебели персиски килими во Владата и во Брисел, туку овие директно очи во очи со нашите сограѓани, гради во гради, каде што ќе слушнеме некоја критика и за нас и за нашето однесување, ќе слушнеме некоја критика и за минатите влади на ВМРО-ДПМНЕ.

Тоа што можеби било направено погрешно а ќе треба да го корегираме во периодот кој што следи, но истовремено ќе ги слушнеме  и вистинските проблеми кои што се резултат на погрешните политики на оваа сегашнава влада која што ја предводи Зоран Заев и СДСМ, за да можеме да понудиме соодветни решенија а тие решенија потоа да ги напишеме и во нашата предизборна програма, а потоа тоа што ќе се обврземе тоа што ќе го ветиме пред граѓаните и да го исполниме.

И не го зборувам ова како гола реторика, не го зборувам ова како филозофија туку навистина преку една ваква интерактивна комуникација од каде што ќе научиме многу од нашите сограѓани сакаме да покажеме дека Македонија може поинаку и дека ние како политичари можеме да се однесуваме поинаку и дека тоа што ќе го ветиме, тоа и ќе го исполниме.

Ќе се обидеме преку еден вид ново однесување покажеме дека не се сите политичари во Македонија исти, дека онаа моментална перцепција која што владее кај нашите сограѓани дека сите политичари се исти и дека ние сме практично лажливци и лопови дека не е така, дека ние можеме поинаку, дека можеме да бидеме честити, дека можеме чесно да работиме и да работиме и да им служиме на граѓаните, бидејќи они се тие кои што ни го даваат нас легитимитетот и тие кои што нас не бираат затоа што иднината која што ќе ја оставиме на сите генерации на сите нас ни е потребна. Е тоа е она кое што ние преку оваа наша теренска активност, која што ја именуваме Разговори за обнова на Македонија сакаме да го покажеме. Да покажеме дека имаме поинакво лице, да покажеме дека не сме политичари кои што ќе ветуваат кога ќе дојдат избори, она што сакаат нашите сограѓани да го слушнат, не сме политичари што ќе ветуваат загарантиран откуп на пример за земјоделските производи, не сме политичари кои што ќе ветуваат поголеми субвенции, поголема поддршка за земјоделецот во Република Македонија,а  потоа кога ќе дојдеме до фотелјите кога ќе не избере народот да бегаме како никогаш тоа да не сме го споменале, а само да уживаме во привилегиите кои што тие институции ни ги даваат и да ништо не работиме, да заборавиме дека тоа што сме го ветиле всушност не сме го ветувале. Па ќе дојдат следните избори неколку години потоа и повторно ќе ги рециклираме истите тие лаги, истите тие ветувања и тогаш повторно со раката на нашето срце со главата благо налево наклонета и повторно истите тие лаги ќе ги рециклираме.

Не сме и нема да бидеме политичари кои што само ќе бидат овде на плоштадите пред кампања и ќе ветуваат дека младите имало иднина, имало перспектива, ќе ветуваме банкарски гаранции, ќе ветуваме младински гаранции, ќе ветуваме за студентите обновени студентски домови, ќе ветуваме поквалитетно образование, а потоа кога ќе заседнеме во истите тие институции само привилегиите ќе ни бидат важни, ќе заборавиме и на младите, ќе заборавиме и на студентските домови, ќе заборавиме и на поквалитетното образование, ќе заборавиме и на младинската гаранција ќе заборавиме практично на се што сме ветувале, за да повторно како расипана плоча на следните избори истото тоа ќе го рециклираме и повторно истото тоа ќе го ветуваме.

Ќе гледаме како тие млади луѓе веднаш после дипломирањето со куфер полн ги полнат аеродормите охридскиот и скопскиот ги полнат пероните на железничките пруги, со автобусите заминуваат трајно од нашата држава затоа што тука нема перспектива за нив затоа што повторно од некои политичари кои што ги посетиле биле излажани, само за да го добијат нивниот глас, ние не сме такви и нема да бидеме такви тоа ви го ветуваме.

Нема да бидеме политичари кои што пред избори ќе се колнат во жицата, ќе се колнат во најмилото, ќе се колнат како талкале по семето изгубени низ времето и дека немале да го продаваат идентитетот, и дека немале да ги нарушуваат сите преговарачки позиции кои ѓто нашата држава ги создавала во изминатиов период, а потоа кога ќе дојдат на власт , кога ќе почнат да врват тендерите, кога ќе почнат да врват провизиите во еден ресторан  недалеку од овој преубав град Гевгелија, тогаш ќе заборават и на жицата, ќе заборават и на најмилото, ќе заборават и на времето и на семето, се ќе заборават и како неразбрани трговци се ќе истргуваат, само да можат се повеќе провизија да лапнат и што подолго да трае нивниот политички живот.

Ќе заборават и на идентитетот, ќе заборават и на македонецот, ќе заборават и на македонштината, но она што е најважно а што никогаш нема да им го простиме е што заборавија на Македонија. Јас ви ветувам дека првиот ден, новата влада на ВМРО-ДПМНЕ прво што ќе направи е одговорност за овие неразбрани трговци кои што распродадоа се што значеше а кое што не одруваше обединети и силни, а тоа е македонштината и македонецот во нас, јас ви ветувам деа ќе сносат одговорност.

Се сеќавате дека ветуваа владеење на правото, ветуваа, ќе немало правда ќе немало мир ќе се бореле за почитување на законите, ветуваа дека ќе направеле независен судски систем кога ќе дошле на власт, а првата работа што ја направија е како да го амнестираат Зоран Заев од случајот поткуп кога како градоначалник на Струмица на очиглед пред целата македонска и светска јавност бараше мито за работа  која  што по службена должност треба да ја заврши. Тоа беше првата работа што ја направија кога седнаа во фотељите, како Зоран Заев по втор пат после оној случај Глобал кога тогашниот претседател Бранко Црвенковски го аболираше, како по втор пат да се амнестира за сторено кривично дело. Епа не може човек кој целиот негов живот е обременет со криминал кој што целиот свој живот го води на ивица на законот, кој што целиот свој живот практично го посветил на злоупотреби и кога бил функционер, и кога бил градоначалник, но и кога бил пратеник во рамките на парламентот, да работи спротивно на законите, да биде реформатор и да го реформира судството, да го реформира правосудството, обвинителството, да ги почитува законите и да вели дека немало правда немало мир. Напротив јас сум сигурен дека сосема спротивното ќе го прави и тогаш бевме сигурни и тогаш велевме дека тоа ќе се случува, веќе трета година македонската јавност е сведок дека тоа се случи. И можам да ги редам уште многу вакви разочарувања и можам да ги редам уште многу вакви работи кои што биле ветувани од Зоран Заев, кои што биле ветувани од СДСМ пред изборите, а практично ништо не успеале да реализираат.

Но она за кое што сум тука во Гевгелија и за кое што сакам да зборуваме е молбата кон вас, кон гевгеличани, кон луѓето кои што денеска беа со нас, на овие штандови кои што ги запишаа своите проблеми своите молби на оние, на кои што ќе им понудиме решенија, на оние на кои што ќе им кажеме отворено, искрено,  чесно, честито дека вашите проблеми не можеме да ги решиме од тие и тие причини. Но оние кои што можеби ќе ги решиме, а ќе треба малку време, сакам да им порачам дека не треба да ја губат надежта дека не треба да зборуваат и се да разочаруваат и да ги полнат куферите и да ја напуштаа Македонија. Сите тие кои што мислат дека не можеме подобро сите тие кои што мислат дека Македонија не може подобро се жртви на пропагандата на СДСМ и Зоран Заев. Оваа држава може да биде и подобра, обединета, со вратено достоинство и гордост само ако сите ние заеднички работиме и со го поставиме прашањето што можеме ние да направиме за неа, а не што може таа да направи за нас. Имаме јасен план имаме визија, имаме методологија како сево ова што го зборувам во пракса да го спроведеме веднаш откако ќе биде избрана новата влада која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ  на следните предвремени парламентарни избори во Македонија.

Немојте да ја губите надежта, надежта не треба да ја губиме, затоа што надежта е таа која што нас не крепи и која што не држи обединети.

Верувајте во себе, верувајте  во идејата, верувајте во Македонија, верувајте во вашите сограѓани, верувајте сосема на крај во она што мислите дека е исправно да верувате.

Јас сум потполно свесен дека овој трул систем којшто ве притиска ви вели дека е невозможно тоа, но јас ви велам дека ако верувате во себе и ако верувате во тоа што е исправно ќе го поразиме и овој трул систем, а со тоа ќе го поразиме и СДСМ, ќе го поразиме и Зоран Заев, а светлото коешто јасно го гледаме на крајот од тунелот за сите нас ќе биде секојдневие.

Верувајте во подобра иднина, верувајте во подобро секојдневие за Република Македонија, за македонскиот народ но и за сите наши сограѓани коишто се наши браќа и сестри соседи, колеги, пријатели и другари.  Тоа е онаа порака која што сакам овде од Гевгелија да ја упатам до нашите сограѓани. Знам дека се ова тешки моменти, знам дека сите ние очекувавме да добиеме чиста дата за отпочнување на преговори со Европската Унија. Сите ние верувавме во европска иднина и ќе продолжиме да веруваме. Но нема да не водат политичари лажливци,  кои што само ветуваат а ништо не исполнуваат. Туку доаѓаат честити луѓе со силна биографија коишто знаат како треба и коишто Македонија ќе ја стават на брза трака и ќе не внесат во семејството на европските народи како земја членка на ЕУ. Тоа го може само идната влада којашто ќе предводи ВМРО-ДПМНЕ веднаш после предвремените парламентарни избори.

Ќе признаам пред вас дека изминатиот период и ние бевме предмет на критика како ВМРО-ДПМНЕ.  И на нас ни велеа имаше наши сограѓани коишто не се согласуваа со политиките на СДСМ и Зоран Заев и ни велеа зошто сте толку тивки, молчите,  ве нема.  Свесни бевме и за критиката, свесни бевме и за последиците кои што како политичка партија ги трпевме. Свесен бев и јас како претседател дека ќе ме искритикуваат граѓаните кои што денеска се незадоволни од ова арамиско секојдневие коешто го предводи оваа камиказа влада на чело со Зоран Заев. Свесен бев, но истовремено свесен бев и дека интересот на македонскиот народ од векови, не само сега, интересот на македонскиот народ и нашите сограѓани коишто се дел од нашата држава Република Македонија е секогаш обединета Европа,  Македонија дел од тоа европско семејство.

И велевме и покрај сета жртва, сето понижување, сето омаловажување, сето она што и го нанесе како срам Зоран Заев и СДСМ веќе трета година по ред, мислевме дека нашите партиски интереси и ценевме дека нашите партиски интереси требаше да ги ставиме во втор план.  Треба да му дадеме шанса на процесот, работевме, работевме и во носењето на законите, ако некој ни велеше излезете од Парламентот и бојкотирајте го. Работевме и во единиците на локалната самоуправа во советите иако некој ни велеше бојкотирајте ги.  Учествувавме на претседателските избори затоа што го имавме најдобриот кандидат кој што некогаш се појавил на македонската политичка сцена и бил кандидат за претседател на Република Македонија и верувавме дека можевме да победиме со професорката Гордана Сиљаноска Давкова. Но бевме повторно жртва на тие исти измамници коишто направија инженеринг помеѓу двата изборни круга.

Ни го држеа имотот замрзнат нелегално преку монтиран судски процес Талир кој што ден денеска е актуелен, не ни го исплатија ниту партиското законски гарантирано финансирање. Влеговме во избори со микрофонот во рака, едно платно позади нас и 16 квадрати бина. Освоивме 380.000 гласа покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е најголемата политичка сила во Република Македонија, не калкулиравме се боревме како витези. Се боревме како витези заедно со професорката Гордана Сиљаноска Давкова. Се боревме со многу пот, многу желба, на крај за жал имаше и по некоја солза. За жал не успеавме, но покажавме дека ВМРО-ДПМНЕ е столбот на Македонија и дека Македонија без ВМРО-ДПМНЕ не е Македонија.

Како ни одговорија, уапсија член на Извршниот Комитет, го држеа три месеци во притвор, уапсија член на Централниот Комитет, го држеа три месеци во притвор во монтирани судски случаи, немаат ни абер од обвинение, ги пуштија.

Ни велеа немојте сега му е мајката видете какви корупциски и политички афери започнувајќи од она полче се сеќавате на оној пратеник кое што уствари не било полче туку било нешто друго па завршувајќи со мега аферата рекет и велеа сега му е мајката напуштајте институциите на улица сега да го буткаме Заев.

Ние рековме ќе му дадеме шанса на процесот 17 октомври е денот кога завршува концесијата, 17 октомври е денот кога завршува трпението на ВМРО-ДПМНЕ 17 октомври е денот  денешен кога јас овде пред вас стојам и ви велам придружете ни се од денес да изгрее она вистинското сонце на слободата во Македонија да си ги победиме на следните предвремени парламентарни избори.

Но, до тогаш не очекувајте дека овие арамии овие камиказа политичари сами по себе ќе заминат ни треба обединување ни треба улицата ни требаат плоштадите треба да се помине секој дом на нашите сограѓани да им кажеме дека ние сме поинакви дека ги научивме лекциите од минатото дека можеме поинаку затоа што Македонија затоа што ние затоа што тие заслужуваат поинаку.

Само така можеме да успееме и никако поинаку од денеска 24 часа на ден ве молам нашиот дом ќе биде плоштадот улицата вратата на нашите соседи на нашите сограѓани ширум цела Македонија. 17 Октомври е денот кога заврши трпението на ВМРО-ДПМНЕ од денеска ќе се сетат и а 1892 и на причините зошто таа 1892 е важна.

Затоа што денеска ќе ги потсетиме ќе ги потсетиме за битката за Македонија. Ова е нашата битка ова е битката на нашата генерација без разлика дали имаме 5  50 55 или 80 години. Сите сме ние денес иста генерација и делиме иста судбина. Од денеска почнува последната пресметка од денеска ја најавувам големата победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за подобра Македонија. Од денеска ве повикувам секој оној кој мисли дека политиките на Зоран Заев и на СДСМ се погрешни го повикувам да ни се придружи без разлика дали е Македонец, Албанец, Турчин ,Ром Влав,  Бошњак, Србин без разлика нека ми простат останатите кои што не ги поменав без разлика дали е некој од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Македонија или е некој од редовите на СДСМ и нивната коалиција ако сте незадоволни ако мислите дека вашата иднина е загрозена повелете придружете ни се нашите врати за вас се отворени.

Ајде заеднички да ја победиме оваа битка ова е битката за третиот Илинден и за нова поинаква модерна Македонија. Македонија каде што секој ќе има подеднаква шанса, Македонија силна држава каде што ќе има силни индивидуи.

Сите вие кои што мислите дека овие камиказа арамиски политики на Зоран Заев и СДСМ се погрешни дојдете,сите пак вие кои што мислите дека она што денес го прави СДСМ и Зоран Заев, ве почитуваме и ќе ве почитуваме и во иднина но мислиме дека грешите почитувајте го и вие нашето мислење. А дека грешите ќе се уверите на следните предвремени парламентарни избори кога доаѓа обновата на Македонија и една огромна голема победа предводена од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Сосема на крај сакам уште еднаш да ви се заблагодарам што одвоивте  дел од вашето време овие 20 тина минути се надевам не беа попусто потрошени се надевам дека го задржав вашето внимание.

Ве молам правилно да ме разберете ова е можеби најголемиот предизвик во независна и суверена Македонија сега не е време за очајување не е време за тажење туку време за обединување под бајракот на државата со лавот на срцето и кон една голема победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Застанете до нас ве молам да сте ми здрави и живи и да ни е вечна и вековита Македонија.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...
<