Ѓорѓиевски до Спасовски: Одете си додека не е предоцна! Брутални убијци ви се шетаат на слобода, а за вас тоа не е ништо важно

Господине Спасовски, одете си додека не е предоцна!
Брутални убијци ви се шетаат на слобода, а за вас тоа не е ништо важно.

Непристоен е начинот на кој што ги третирате медиумите. Тоа покажува како ја третирате јавноста и граѓаните.
Вас можеби и не ви е важно како лицето осомничено за убиство на младиот фудбалер Мартин Јанушев се појави, но верувајте на мене, на моите соседи и на секој обичен човек многу му е важно.
Важно ни е заради тоа што со вас не се чувствуваме безбедни.

Уште од самиот почеток целиот случај со бруталната ликвидација на младиот фудбалер беше обвиен со сомнежи дека се обидувате да прикривате нешто. Беше чудно како покрај толку полиција на терен, убиецот успеа да ви избега од лице место без никој да го пресретне.
Дури имаше информации дека службени лица му помогнале во бегството. После тоа читавме по социјалните мрежи и предупредувања на роднини на сега осомничениот, да не прифаќа одговорност за некој друг. Сѐ тоа, заради шпекулациите дека во ликвидацијата биле вклучени ваши блиски.

Како и да е, осомничениот го снема. Потерница беше распишана, но бегавте од одговори. Не знаевте каде е. Сега, од нигде-никаде, осомничениот си се појавува и сам се пријавува. Значи не станува збор за некоја женичка која продава букети цвеќе или хуманитарец кој нуди честитки за да собере донации. Станува збор за лице осомничено за брутално убиство ! И вие им кажувате на граѓаните дека не било важно ништо друго, освен тоа дека се пријавил. Па, утре може така да ви се прошета бомбаш самоубиец !
Уште и лажете дека бил обезбеден ! Да обезбеден е затоа што самиот се обезбедил.

Ајде сега да се вратиме на почеток. Не сте вие на функција за нам да ни кажувате што ни е важно. Вие сте да одговарате на прашањата на јавноста.

Каде беше осомничениот до сега ? Дали се криеше надвор од Македонија или внатре ? Доколку бил надвор, како побогу, осомничен за убиство со меѓународна потерница, влегол во земјава незабележано ? Како се прошетал низ Скопје и успеал самиот да се пријави ? Дали некој земал пари за досега да не дава информации за осомничениот и кој го прикривал ? Кој бил во контакт со него и кој е договорот за да одлучи самиот да се пријави ?

За крај би прашал уште колку убијци вака ви се шетаат и ги чекате да им се погоди денот па самите да се пријават ?
Би прашал ама знам дека ќе излажете и ќе ме убедувате дека тоа не било важно.
Затоа најдобро е за сите, заминете си побргу.

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...