Зоран Заев и Љупчо Николовски три години ја уништуваат економијата

Соопштение до јавноста реакција на прес конференцијата на Љупчо Николовски

Зоран Заев и Љупчо Николовски три години ја уништуваат економијата, резултатот од тоа е видлив денес во август 2019 во споредба со август 2018 година прометот во индустријата е намален за 6.6%.

Кога индустријата оди надолу, оди надолу и економијата, доказ за тоа е и падот на работници во индустријата во јули 2019 година, во однос на јули 2018 година за 2.5% или на 100.000 работници имаме 2.500 работници помалку.

Кога економијата тоне заради неспособноста на власта, зголемените даноци и давачки, зголемената акциза, криминалот и корупцијата државата тоне.

Покачувањето на минималната плата е вештачко и нереално. Додека власта на хартија ја зголемува минималната плата во реалноста работниците ги враќаат парите на рака на газдите.

Нивото на капитални инвестиции е катастрофално ниско. За цели осум месеци од годината се реализирани само 28% од годишно предвидените инвестиции. И додека инвестиции нема, задолжувањето рапидно расте. Јавниот долг за првпат во историјата е над 5 милијарди евра.

Македонија има потреба од нови мерки и проекти кои ќе ја придвижат економијата напред. Македонија има потреба од реален развој. Со СДСМ тоа не е можно.

 

 

 

                                                                                                            Со почит,
                                                                      Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...