Во Република Македонија изминативе три години владее коруптивно здружение кое создаде беда и хаос

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Денеска се наоѓаме во Општина Прилеп во рамки на нашата активност од страна на ВМРО-ДПМНЕ за Обнова на Македонија каде што практично може да забележите дека наидовме на огромен интерес на прилепчани, не само на членови на ВМРО-ДПМНЕ, тука имаме и неопределени граѓани, тука има и граѓани кои во минатото подржувале други политички опции и на истата оваа активност истите директно до нас интерактивно делуваат со тоа што ги предложуваат своите идеи, подоцна ние ги разгледуваме истите и секако заеднички ќе ја креираме новата програма со која што ВМРО-ДПМНЕ ќе настапи на следните предвремени парламентарни избори.

Тоа ќе значи програма која што ќе ја спроведува подоцна и новата владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што можете да забележите народот во Република Македонија целосно застанува со поддршка околу ВМРО-ДПМНЕ народот во Република Македонија и сите граѓани во Република Македонија го препознаа својот вистински партнер затоа сме ние повеќе од сигурни дека наредната влада на Република Македонија ќе биде предводена од ВМРО-ДПМНЕ и наш нареден премиер ќе биде секако почитуваниот господин Христијан Мицкоски.

За жал во Република Македонија изминативе три години владее беда и хаос владее едно коруптивно здружение кое што сведоци сме на дневна основа имаат минимум по еден коруптивен скандал сведоци сме како се изнесуваат торби со пари се врши рекет се врши уцена измама и тоа од највисоко ниво до најниско. Прилеп како една од општините во која што во минатото имаше проекти во минатото имаше инвестиции сега можеме да забележиме дека буквално изминатиов период нема никаква работа односно активност.

Сега можеме да забележиме дека буквално изминатиов период нема никаква работа или активност во овој град, во оваа општина.

Прилеп како водич во овој регион во минатото, за жал во денешно време се претвори во една руинирана општина, општина за која што знаеме и самите и од исказите на граѓаните и од сведочењата на многумина овде, единствено властите овде по примерот на централната власт се занимаваат со корупција и со криминал.

Ние сме спремни да подадеме рака и на останатиот дел од граѓаните, ги повикуваме сите да ни се приклучат во креирањето на нашата програма, спремни сме како никогаш до сега Република Македонија ја да извадиме на прав пат заедно со нашиот најголем партнер народот позади нас и реално да го вратиме и угледот на земјата, но и достоинството на сите Македонци од една страна, но од друга страна да понудиме сериозни реформи и да понудиме сериозен напредок за нашата држава.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...