Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коaлицијата денеска во Собранието ќе поднесе предлог закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување

Интегрален текст од изјава за медиуми – Слаѓана Митовска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

Почитувани,

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коaлицијата денеска во Собранието на Република Македонија ќе поднесе предлог закон за изменување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој повторно бараме да се врати старото законско решение со кое изминатите години пензинерите континурано добиваа зголемување на пензиите.

Со овој предлог закон пензионерите ќе продолжат да си го добиваат заслуженото покачување на пензиите.

Со овие законски измени што ги предлагаме ќе се укине штетниот закон кој го донесе СДСМ со кој им се скрати правото на поголема пензија од околу 500 денари на над 310 илјади пензионери.

Со Предлог законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување  што го поднесуваме се врши враќање на предходното законско решение  со кое се вршеше усогласување на пензиите на многу поповолен начин отколку  со измените кои што ги спроведе Владата на СДСМ во овој закон.

Со законските измени на СДСМ се врши усогласување на пензиите, но не и реалното зголемување.

Власта веќе три години брутално манипулира и си игра со трпението и достоинството на пензионерите.

Наместо ветеното зголемување на пензиите, пензионерите од СДСМ добија кратење на пезиите на тој начин СДСМ им ја намали куповната моќ.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и кога е на власт и кога е во опозиција секогаш е тука и се грижи за потребите на граѓаните со посебен респект на пензионерите.

Апелираме до колегите од парламентарното мнозинство да го прифатат овој предлог закон кој што ќе го подобри квалитетот на живот на оваа категорија на граѓани.

Сметаме дека гриќата за пензионерите треба да биде континуирана секоја година како што правеше ВМРО-ДПМНЕ додека беше на власт, а не на нив да се мисли дсамо кога се ближат избори како што тоа го прави оваа Влада предводена од СДСМ.

Почитувани пензионери, Вие заслужувате достоинствени и спокојни денови, а ние сме тие кои што имаме обврска да ви ги обезбедиме.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...