Одговор на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарско прашање: Што покажаа последните посети по градовите во рамките на акцијата за Обнова на Македонија?

Одговор: Знаете дека веќе месец дена сме присутни по градовите низ Република Македонија, планот ние до крајот на годинава да го посетиме секое населено место и токму поради огромниот интерес на граѓаните да си ги кажат своите проблеми да си ја кажат маката решивме и на овој начин да овозможиме во нашите штабови, во нашите Општински комитети да дојдат и да го направат тоа, бидејќи до сега имаме повеќе од 15.000 граѓани кои дошле и ги соопштиле своите проблеми кои што се случуваат во секојдневниот живот.

Новинарско прашање: Бројни најави и бројни случувања и нови моменти во делот на она што значи ЕУ интеграција на Македонија во Брисел во текот на денешниот ден голем проток на информации, како ги толкувате?

Одговор: Не би сакал да шпекулирам во однос на тоа што точно ќе се случува, се пак она што веќе неколку пати го кажуваме е дека буквално се освен добивање на чист датум за преговори е тотален неуспех и фијаско за владата на Заев и СДСМ. Како македонци како граѓани на Република Македонија се надеваме дека ќе го добиеме посакуваниот датум, затоа што на крајот од денот нема човек во оваа држава кој што нема да биде среќен доколку конечно го отпочнеме процесот на преговори. Но притоа да не заборавиме дека доколку не успееме да го добиеме одговорноста е исклучиво на Заев и СДСМ, бидејќи тие се оние кои што не успееја да ги превземаат и да ги направат потребните реформи бидејќи на крајот од денот Европската унија се темели на вредности и принципи кои што оваа влада не е кадарна да ги исполни.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.