Јанушев до граѓаните: Општинските комитети се отворени за сите, граѓаните да дојдат и да ги кажат своите проблеми

Интегрален текст од изјава за медиуми на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Онака како што најавивме пред неколку дена втака и продолжуваме од денес среда 16 ти октомври почнуваме со отворање на општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија, со повик кон граѓаните да дојдат и да си ги искажат своите проблеми. Ние од ВМРО-ДПМНЕ зимаме обврска пред се да понудиме решенија за сите проблеми кои што ги тиштат граѓаните на оваа држава.

Имено како што веќе најавивме секоја среда со почеток од 17 часот ќе може сите заинтересирани граѓани да дојдат во општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ, да поразговараат со актуелните раководства во општинските комитети, да ги кажат проблемите и маките кои што пред се случуваат во секојдневниот живот, а знаеме сите дека ги има се повеќе и повеќе, бидејќи оваа криминално рекетарска власт на Заев единствено што прави е да ја уништува Република Македонија.

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.