Две години СДСМ и Николчо Илиев во Кочани, се две години на лаги, манипулации, неспособност и негрижа за граѓаните

Интегрален текст од изјава за медиуми на Кирил Георгиев

Почитувани,

Поминаа две години откако СДСМ ја презеде локалната власт во Општина Кочани.

Две години власт исполнети со  лаги и манипулации, не работа и неспособност.

СДСМ и градоначалникот Николчо Илиев на половина од мандатот немаат реализирано НИТУ ЕДЕН клучен проект што го ветија. А ветуваа многу.

Денес, без срам се пофалија со 90% реализирана изборна програма!!! Граѓаните прашуваат –каде и во што?!

Ветуваа гасификација, ветуваа театри, старечки домови, музеи, нови градинки, нови мостови и сообраќајници, а сите сме сведоци дека БУКВАЛНО НИШТО не остварија или  како што граѓаните секојдневно  со право коментираат шајка немате заковано две години.

Ветуваа чиста вода и чист воздух, но сето тоа  било ветер и магла. Кочанчани се гушат во загадениот воздух секојдневно, а СДСМ нити знаат нити се трудат, нити се способни да го решат проблемот. Кочани од најчист се претвори во најзагаден град, со фекалии кои секојдневно течат по Кочанска река.

Ветија нов сообраќаен режим, сообраќаен режим нема, но има режим за вработените кои не се истомисленици!

Ветуваа финансиска помош за секое новородено дете, но и тоа остана само лажно ветување.

Нема нови инвестиции, нема нови работни места.

Се вработуваат само сопруги, деца и роднини на функционерите на СДСМ.

Почитувани сограѓани,

Кочани е зафатено од епидемија на непотизам.

Многу лаги за овие 2 години. Јасно е на сите дека СДСМ функционира само со лаги и манипулации, но изненадени сме од Николчо Илиев кој единствено се грижи за својот углед и нема способност да ги согледа последиците од своето неработење.

Младите се помасовно се иселуваат. Разочарани од неспособната власт на СДСМ огромен број Кочанчани својата можност за поквалитетен живот ја  бараат што подалеку од Кочани.

СДСМ заедно со градоначалникот Николчо Илиев, во овие две години покажаа дека се неспособни да испорачаат резултати, нити знаат да управуваат со општината. Времето покажува дека нивните предизборни ветувања се само измама и служат за манипулација на граѓаните.

На Кочани му е потребна обнова.

Обнова која ќе стави крај на измамите, лагите и неработењето.

Обнова за развој на општина Кочани.

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...