Датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ како да отвори една нова “пандорина кутија”!

Датумот за отпочнување на преговорите со ЕУ како да отвори една нова “пандорина кутија”!

Па така, имаме прилика да гледаме оправдувања од типот “иако владата на Заев направила буквално се, сигналите од ЕУ биле толку лоши, што изгледале безнадежни” … па, ни се сервира тезата дека “одлуката на Советот на министри да ја предаде одлуката на Европскиот совет се толкува како сигнал за оптимизам” … па, Заев се “стегна” на пат за Брисел … па, флоскули од типот “требало да се види од кај сме тргнале и до каде сме стигнале” … па, “владата и Заев не посветиле доволно внимание за лобирање кај Макрон” … за да доживееме “кулминација” со филозофската мудрост “само тој што не весла има време да го ниша чамецот” …

Толку многу стана дегутантно и небулозно, што дури и паднаа “сериозни” предлози Заев да си се врател дома, макар и со подвиткан опаш и веднаш да закажел лидерска средба со Мицкоски, Ахмети и останатите лидери, да го исклучел телефонот за повици од ЕУ и да изграделе заеднички оперативен план за наредната година до изборите. А, во меѓувреме, Заев заедно со Мицковски да ги посетеле Пекинг, Њу Делхи и Москва да “соберат” инвестиции!

А, ако ВМРО-ДПМНЕ одбие, значело дека немаме никаков план што понатаму и дека опозицијата ќе ликувала доколку не сме добиеле датум за преговори.

Тоа што никој од криминално-рекетарскава и крајно неспособна влада на Заев не побара оддвојување од Албанија и тоа што Грција жестоко се спротивставила на идејата Македонија да се одвои од Албанија – тоа не е важно? Тоа не вреди да се коментира?

А суштината за која оваа власт не збори, е тоа што една жива реформа не направија и ја потонаа земјата во криминал и корупција. Нема една добра работа поради која народот може да ги пофали. Овие арамии се на власт за да крадат. Датумот за преговори се проблематизира затоа што главен проблем е оваа влада која нема резултати.

Да сме на чисто, се, освен безусловен датум е еднакво на катастрофален пораз и неуспех за Заев и СДСМ!

Нема Македонец, нема граѓанин на Република Македонија (без разлика на верска, политичка или било каква друга припадност) што не сака да ја види државава како оди напред и станува дел од ЕУ. И ќе биде повеќе од тажно граѓаните на Република Македонија да бидат казнети поради неспособноста на Заев и бандата околу него. Но, да не се лажеме, одговорноста е само негова и ничија друга!

#КриминалноРекетарскаВлада
#Оставка
#ПредвремениПарламентарниИзбори

Поврзани вести

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...