Заев и СДСМ единствено се грижат да нивните бизниси растат, додека граѓаните и стопанствениците се оставени сами на себе

Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ

СДСМ ја урниса македонската економија. Не сме на прав пат, а тоа го покажуваат и официјалните податоци и меѓународните институции како Светска Банка.Економските индикатори се катастрофални, а владата на чело со СДСМ ја води економијата и државата кон пропаст.

СДСМ единствено донесе разочарување и мизерија како кај граѓаните така и кај стопанствениците.Дека СДСМ ништо не работи доказ е катастрофалната реализација на капитални инвестиции кои заклучно со август изнесуваат очајни 28,16%.Дополнително, СДСМ на чело со Зоран Заев ги задолжи граѓаните за скоро 600 милиони евра, но резултати во форма на капитални проекти скоро и да нема.

Изградбата на патиштата стагнира, додека нови воопшто не се градат.Дека СДСМ воопшто не се грижи за инфраструктурата на државата кажува и фактот дека Македонија после 146 години остана без меѓународна железничка линија. Наместо да станеме држава со технолошки развиена и усовршена железница,државата со СДСМ стана железнички изолирана земја.

СДСМ пред да дојде на власт  ветуваше и гасификација но, ништо и од тој проект. Странските инвеститори ја заобиколуваат Македонија како дестинација за инвестирање токму поради фактот дека нема изградба на инфраструктури проекти кои се битни за стопанството и за развојот на државата.Познат е фактот дека компанијата „Фолксваген“ ја заобиколи Македонија и официјално објави дека ќе  инвестира во Турција. Зоран Заев и СДСМ единствено се грижат да нивните бизниси растат, додека граѓаните и стопанствениците се оставени сами на себе.

СДСМ мора да си одат што побрзо за да се случи обнова на Македонија која толку многу и е потребна. СДСМ на чело со Зоран Заев направи огромна штета како на економијата така и на државата и колку побрзо си заминат толку побрзо ќе се изгради и обнови се она што СДСМ го уништи.

 

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Поврзани вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...