Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Одговори на новинарски прашања на Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Прашање: Од вчера е извесно дека Франција сеуште не го променила ставот во однос на нашата аспирација да добиеме датум за преговори. Има ли простор сеуште за оптимизам дека можеби денеска од страна на министрите и до крајот на неделата лидерите ќе успеат да ја поколебаат?

Одговор: Оптимизмот е нешто што нели  секогаш ни останува. Меѓутоа во овој момент навистина не би сакал да шпекулирам во однос на тоа што ќе се случува во следните ден или два. Ќе треба да почекаме и да видиме  како ќе заврши  за Република Македонија целиот овој процес. Она што е битно да се напомене е дека очекуваме и се надеваме  дека граѓаните и државата нема да бидат казнети  и нема да бидат заложник на лошите политики на Заев и владата предводена од  него. Сепак она што е најбитно во моментот и што цело време се обидуваме да го пренесеме на македонската јавност е дека се, буквално се освен чист датум за преговори ќе биде тотален неуспех и фијаско за оваа влада.

Прашање: Каков е коментарот и ставот на партијата по однос на оставката која денеска ја поднесе заменик – министерот за здравство?

Одговор: Видете оставките требаше да се случат многу поодамна бидејќи единствено нешто што гледаме е дека оваа влада тоне во криминал и корупција, а сепак би рекол на некој магичен начин главата на октоподот останува недопрена. Не не изненади тоа што го видовме на снимката бидејќи на некој начин снимката е продолжение и на она што го видовме пред некоја година во однос на видеото евро за Вицето, она што го видовме во аферата  Рекет 1, 2 колку и да ги има така да она што го очекувавме е да следуваат оставки многу порано и од  многу повеќе луѓе, тука е Драги Рашковски, тука е Деспотовски, Венко Филипче, Ден Дончев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски самиот Зоран Заев така да во таа насока ги коментираме овие случувања.

Поврзани вести

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...

Арсовски: Цели 5 месеци Русковска, Јовевски, Заев си играат со интелигенцијата на граѓаните и се обидуваат да го прикријат најголемиот криминален скандал во Македонија

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Кирков: Негрижата и масакрот на било кое животно користејќи дури и единици на Армијата на Република Македонија е само одлика на владеењето на Влада кон заштитата на животинскиот свет

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Стефан Кирков Почитувани, Пред само 3...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ,Христијан Мицкоски оствари средба со Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската Унија, г. Јоханес Хан

Соопштение до јавноста Почитувани, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф-др Христијан Мицкоски денес оствари средба со...