Заев и Русковска обвинителството немаат интерес да се расчисти аферата „Рекет“

Соопштение до јавноста

Зоран Заев и Русковска обвинителството немаат интерес да се расчисти аферата „Рекет“. Напротив, Заев и Русковска имаат интерес случајот да се затвори на начин што ќе се избришат трагите кои водат кон главата на октоподот.

Затоа шест месеци не се постапуваше против Фросина Ременски. Затоа таа и сега е оставена на слобода. Нема поголем доказ за соработката меѓу Заев, Русковска и Ременски од фактот дека Фросина Ременски ќе одлучува за законот за јавно обвинителство, закон од кој зависи работата на Вилма Русковска која ја гоко Ременски.

Дополнително, ако Јовче Ременски како висок функционер во УБК се дрзна да се заканува на социјалните мрежи, што ли може направи сега кога неговата сопруга е во домашен притвор и обвинета за криминален скандал?

Тој може директно да влијае на работата на оперативците за да излезе во интерес на својата сопруга.

Не може да не се доведе во прашање користењето на информации и потенцијалната злоупотреба на истите за влијание во истрагите на органите. Затоа тој мора да биде суспендиран од своите работни надлежности.

Власта и институциите да не си играат држава, туку да го почитуваат Законот за класифицирани информации. Тој предвидува дека освен лицата кои поседуваат безбедносен сертификат од највисок степен, во оперативните проверки се проверуваат и членовите на потесното семејство.

Не само што Јовче Ременски е потенцијален ризик за истрагата на случајот „Рекет“, туку Дирекцијата за класифицирани информации и Агенцијата за национална безбедност не смеат да дозволат брачен другар на обвинет во коруптивен скандал да поседува безбедносен сертификат.

Компромитирачки е фактот дека во собранието обвинетата пратеничка на СДСМ Ременски е вклучена во работата на телата кои одлучуваат за закони од областа на безбедноста, како и за Законот за јавно обвинителство.

Институциите да не спијат туку веднаш да истражат дали Фросина Ременски преку својот сопруг злоупотребувала информации од полициските служби и дали истите биле користени во случајот „Рекет“. Да се направи проверка дали нејзиниот сопруг бил вклучен во дејствијата кои што таа ги превземала, а се поврзани со Меѓународниот сојуз и кривичното дело за кое што обвинителството ја товари.

Секој што ќе постапува надвор од законот, без разлика дали му наредил Заев или друг функционер близок до Заев, ќе сноси одговорност за незаконското работење, штом ќе се врати правната држава.

На Македонија и претстои обнова.

 

  

  Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE

Поврзани вести

Стаменковска-Стојковски до Манчевски: Вашиот страв и паника е очигледен и тоа нема да ме спречи да се обидам да ги заштитам институциите

Дамјан Манчевски денеска обвини дека министерката Невенка Стаменковска-Стојковски покажува елементарно непознавање на нејзините надлежности....

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе иницијатива да се достави Законот за ратификација на Северно-атланскиот договор и на Пристапниот протокол за членството на Грција и Турција во Северно-атланската Алијанса (НАТО)

Интегрален текст од изјава за медиуми – Никола Мицевски, координатор на  ВМРО-ДПМНЕ во Собранието...

Мицкоски: Аферата Кеш го уклучува алармот за борба против криминалот, ќе поднесеме Закон за потекло на имот на политичари, бараме итна истрага за делувањето на обвинители и судии

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани,...

Мицкоски до просветните работници: Заев не ја зголемува вашата плата, туку ви одзема од вашата плата која ви е гарантирана со закон и колективниот договор во образованието

Интегрален текст од видео обраќање на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Почитувани наставници и...