СДСМ три години не направи ниту еден километар нов автопат

Соопштение до јавноста, реакција на изјавата на Горан Сугарески

СДСМ три години не направи ниту еден километар нов автопат. Проектите кои ги наследија од ВМРО-ДПМНЕ и беа во крајна фаза на реализација им беа потребни три години за да ги пуштат во употреба.

Зоран Заев вети 600 километри нов автопат. Три години потоа нема ниту 1 километар. Зоран Заев вети 550 километри нови магистрални патишта. Три години потоа нема ништо од најавеното.

Три години тапка во место гасификацијата на државата. Наместо гасификација имаме криминал и корупција во сите државни институции, на сите нивоа.

Нема проекти во железницата, ниту во инфраструктура, ниту во транспорт.

Заев и Сугарески ги разочараа граѓаните.

Само 28% реализација на капитални инвестиции за цели 8 месеци од година е доволен знак дека оваа влада мора да си замине.

 

Со почит,
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

WordPress › Грешка

The site is experiencing technical difficulties.